Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Божиновски казнет со 2.000 евра: Ова е лудница, не е судница

0
By Нова ТВ on November 10, 2016 ПОЛИТИКА
Фото МРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судот го казни новинарот Зоран Божиновски со 2.000 евра казна поради непочитување и непримерно однесување во судницата, за време на рочиштето во Основниот суд Скопје 1, на кое на Божиновски е обвинет за шпионажа, злосторничко здружување и уцена во случајот „Шпион“, но му се суди во одвоена постапка, како одвоен случај бидејќи живееше во Србија кога беше обвинет, а потоа и екстрадиран.

– Не илјада, туку 610.000 евра казнете ме. Јас ќе си кажам се што сметам дека е во моја одбрана. Не ви одговара тоа што го зборувам. Гладни сте за пари. Ова е лудница, не е судница. На 12 декември ќе снема пари во вашиот банкомат, и рече Божиновски на судијката Ленка Давитковска, за што му беше изречена казната.

На денешното рочиште кое траеше два часа, Божиновски долго ја објаснуваше својата одбрана и посочи дека случајот за кој го товарат е по нарачка на екс премиерот Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ.

Тој рече дека во обвинителниот акт немало докази дека тој бил шпион, ниту пак е напишано или имало докази за која држава работел, какви тајни документи имал, а уште помалку било напишано со кого контактирал. За сите три кривични дела за кои е обвинет Божиновски истакна дека се измислени од власта.

– Да имаа барем еден доказ против мене ВМРО одамна ќе ме осудеше на 10 години. Овој суд го сметам за злосторничко здружување и вас ве оценувам како дел од него како продолжена рака на Никола Груевски. За мојот предмет не може да биде надлежен овој суд и ОЈО кога предметот „Шпион“ е под надлежност на СЈО, рече Божиновски.

Божиновски беше опоменат и кога рече дека судот го смета за  злосторничко здружување, а дека судијката е претставник на злосторничко здружување, кое е предводено од Никола Груевски.

-ДПМНЕ ме лови во две фази. Првата е од 1999 до 2002 година, по нивниот пораз на изборите кога нивното раководство нарача и изврши атентат врз мене во Куманово, кој го преживеав со тешки телесни повреди. Втората фаза е во јули 2006 година кога се вратија на власт и се обидоа да ме купат, но безуспешно. Сите обвинети во „Шпион“ сме следени од 2012 до 2013 година, рече Божиновски.

Зоран Божиновски казна Случај Шпион судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.