Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брат му на Нинџа и телохранител на Груевски сведочеше за 27 април

0
By Соња Петрушевска on December 6, 2018 ПОЛИТИКА
Фото МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Благоја Василевски, кој му беше телохранител на екс премиерот Груевски и кој беше со него во Виена на 27 април 2017, денеска сведочеше во Судот.

Тој му е брат на обвинетиот Александар Василевски Нинџа и беше повикан како сведок.

Благоја Василевски рече дека се слушнал со брат му Нинџа попладнето на 27 април, но дека разговарале за мајка им која била болна.

На прашањето, дали разговарале и за други работи, Василевски одговори: ,,За вообичаени работи“.

Според обвинението за 27 април, настаните тој ден започнале по повик од Виена преку телефон во сопственост на владината служба за општи и заеднички работи до Нинџа, по што тој почнал да го организира упадот.

За братот на Василевски немаше други прашања.

Освен неговиот брат и другите сведоци кои ги повика Нинџа меѓу кои и неговиот кум, ја потврдија неговата верзија за настаните од 27 април – дека бил во ресторанот „Дион“, но и дека не давал пари да се купат фантомки.

Кумот потврди и дека го однел Нинџа во штабот на ВМРО ДПМНЕ. Како што сведочеше Василевски Нинџа сите директиви за 27 април доаѓале од штабот во ВМРО ДПМНЕ.

-Раководството на ВМРО и наУБК ги изманипулира обвинетите, повтори неколкупати Василевски.

И адвокатот на Нинџа, Звонко Давидовиќ, по претпладневното сведочење рече дека по одбраната на неговиот клиент станува јасно дека ланецот на командување на МВР на 27 април бил преземен од партиски луѓе.

-МВР останала обезглавена и наместо полициски структури, командувањето на МВР се префрлило на партискиот врв, кој ја презел командата за да заштитат свои интереси, рече Давидовиќ.

Нинџа: Наредбите доаѓаа од штабот на ВМРО ДПМНЕ

Нинџа во сведочењето рече дека дека сите насоки за 27 април доаѓале од штабот на ВМРО ДПМНЕ.

Тој на 27 април влегол во штабот на ВМРО ДПМНЕ околу 18 и 10 како што рече таму бил ,,командно оперативниот штаб“, на ВМРО ДПМНЕ  односно Бришкоска, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и Митко Чавков кој тогаш е директор на Бирото за јавна безбедност. Тие гледале директен пренос од протестите и како се доближувала толпата кон Собранието, давале насоки.

Бришкоска разговарала со Вељаноски и рекла дека ,,пратениците не си ја завршиле работата и не предизвикале инцидент“. Спиро Ристовски разговарал со водачот на протестите Богдан Илиевски Бетмен, Јанакиески со пратениците во Собранието, а Кирил Божиновски контактирал со општинските комитети на ВМРО ДПМНЕ и г повикувал веднаш да дојдат во Скопје, сведочеше Нинџа.

Тој исто така тврдеше дека програмата за протестите што ги организираше „За заедничка Македонија“ е правеле во штабот на ВМРО ДПМНЕ, а исто така и дека таму ги видел неговите водачи Владо Јовановски, Богдан Илиевски и Борис Дамовски, како излегувале од канцеларија на Кирил Божиновски кого, според Нинџа, го викале,,благајник“.

На прашање на обвинителката Вилма Рускоска, дали ова значи дека водачите земале пари од ВМРО ДПМНЕ затоа што Божиновски беше благајник на партијата, Нинџа кажа дека од Никола Бошковски му било речено дека ,,се исплатувани“.

На прашање на адвокатот на Борис Дамовски дали вистинските водачи на протестите  „За заедничка Македонија“, биле Спиро Ристески и Кирил Божиновски, Нинџа одговори потврдно.

Хард дисковите од Собрание биле уништени и фрлени во Вардар

Според сведочењето на Нинџа тогашниот шефот на УБК Владимир Атанасовски дал наредба да се уништат хард дисковитеод Собранието, рече во денешното сведочење Александар Василевски Нинџа за настаните од 27 април.

Тој кажа дека бил сведок на телефонски разговор во една база на УБК, меѓу Никола Бошковски, тогашен шеф на тајната полиција со директорот на УБК Атанасовски.

По ова Сашо Марковски исто така вработен во УБК, во базата на УБК, ги ставил на преса и ги исекол со ножици. Кога заминале од базата, Василевски бил со Никола Бошковски во близина на населбата Ќерамидница, Бошковски го паркирал возилото и во Вардар ги фрлил ќесите во кои биле искршените парчиња од хард дисковите. Бошковски му рекол на Василевски дека хард дисковите ги одзел Сашо Марковски и користел хируршки ракавици. Василевски рече дека добивал закани од Горан Грујевски да не се предава.

На почетокот од својата одбрана денеска, Нинџа рече дека бил тајно вработен во УБК во одделот за оперативна техника и прикриени операции односно во Петтата управа. Тој рече дека освен Нинџа имал и друг прекар ,,Самурај“ и овој прекар му го дал началникот на Петтата управа Горан Грујевски во 2015 година. Грујевски го ангажирал на почетокот на 2015. кога тогашниот лидер на опозицијата почнал да ги објавува бомбите. „Самурај“ имал задача да ги следи луѓето што ќе му ги посочел Грујевски и лично нему да му реферерира. Василевски имал легитимација од УБК, пиштол марка „магнум“ и радио станица на која можел да ја слуша целата комуникација на сите полицајци низ Македонија, вклучувајќи го и Скопје.

27.април Александар Василевски Нинџа Благоја Василевски ВМРО-ДПМНЕ сведочење УБК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.