Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брегзит: In or out?

0
By Нова ТВ on June 23, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 23, 2016 10:41

Дали од утре Велика Британија повеќе нема да биде членка на ЕУ или ќе одлучи да продолжи да ја дели европската авантура со своите 27 партнери?

На прашањето денес одговараат 46,5 милиони британски гласачи по долга и интересна кампања. Неизвесноста на гласањето е речиси тотална иако вчера анкетите покажуваа дека Брегзит ќе победи со 45 отсто додека оние кои рекле дека сакаат да останат во ЕУ биле 44 отсто. Но, анкетите велат дека 10 отсто од гласачите вчера се уште не знаеле како ќе гласаат.

Денес цела Европа е во исчекување. Резултатот на референдумот ќе има големи последици на целиот континент без оглед дали Британците ќе гласаат “за” или “против”.

Според анализите, излегувањето на Велика Британија од ЕУ би донело пад од 10 д0 30 отсто на британската фунта и пад на внатрешниот бруто производ од 2 до 4 поени.

Последиците се разбира ќе ги почувствува и ЕУ. Излезот на Велика Британија ќе значи голем економски и политички неуспех на ЕУ.

Во случај на Брегзит во Европа може да се отвори Пандорината кутија на национализам и еврофобија. Популистите во Европа веќе имаат успех (Франција, Шведска, Данска, Холандија, Полска) кај гласачите и можни се нови референдуми за излез на земјите членки од ЕУ. Накусо, Велика Британија, ЕУ но и целиот континент, во случај на Брегзит, влегуваат во зона на неизвесност.

Во текот на кампањата се случи ужасното убиство на пратеничката Џо Кокс од страна на приврзаник на екстремната десница. Таа се залагаше за останување на земјата во ЕУ и вчера требаше да го прослави својот 42 роденден.

Резултатите на референдумот ќе бидат познати доцна вечерва или утре наутро. Гласачките места затвораат во 22 часот по локално време. Броењето на гласовите во оваа островска земја секогаш трае подолго а националната изборна комисија треба да излезе со конечните резултати утре. Главните медиуми одлучија да не прават анкета на излезот од гласачките места поради најверојатниот тесен резултат. Првите резултати би требало да ги соопшти Би-Би-Си околу 4 часот на наутро.

Веднаш по Втората светска војна, францускиот генерал, а подоцна и претседател, де Гол, го прашал Черчил какви се неговите намери во однос на Американците. Черчил, тогаше премиер на Велика Британија, одговорил: «Секогаш кога ќе треба да бираме помеѓу Европа и други хоризонти, ние ќе го избереме другото».

Британците денес ќе одговорат дали оваа реченица се уште е на сила.

 

брегзит Велика Британија ЕУ референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.