Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брестовац: Друг ќе беше муабетот ако реализиравме пола од промашувањата со Чешка

0
By Нова ТВ on January 13, 2020 СПОРТ
Фото: ehf-euro.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската репрезентација ќе мора по потешкиот пат по опстанок на 14. Европско првенство и пласман меѓу 12. најдобри на континентот. „Црвено-жолтите“ на стартот ја победија Украина со 26:25 по што следуваше пораз од Чешка со 25:27, па шансата за продолжување на престојот во Виена ќе се бара во утрешниот дуел од 18.15 часот против Австрија. За конечниот расплет во групата Б во оптек се шест опции. Австријците се наоѓаат во најповолна позиција по двата триумфа над Чешка со 32:29 и над Украина со 34:30. Но, и тие не се безбедни во желбата да се преселат во наредната фаза која носи три дополнителни средби на турнирот.

Фото: ehf-euro.com

За Македонија да продолжи со настапите во „Винер Штадхале“ е потребна победа со намалку два гола разлика. Доколку се оствари, а притоа и Чешка ја совлада Украина, според сценаријата што ги објави и ЕХФ, Австријците ќе бидат елиминирани, а во топ 12 ќе одат македонските и чешките ракометари. Место во главната фаза ќе биде обезбедено и со триумф со гол разлика, но под услов, притоа, избраниците на Данило Брестовац да постигнат повеќе од 31 погодок. Во корист на македонскиот национален тим ќе оди и победа со 31:30, меѓутоа во тој случај и Чешка да не стави над Украина со поголема разлика од еден гол.

Опцијата ждрепка ќе биде активирана при победа на Македонија над Австрија со 31:30 и на Чешка над Украина со 26:25. Македонските ракометари ќе бидат во четвртфиналната фаза со било каков триумф над Австрија и пораз или реми на Чешка против Украина, а во прилог ќе биде и реми доколку Украинците ги совладаат Чесите.

„Против Австрија, секако, ќе моравме да играме, сеедно дали за подобар пласман во групата или за оваа ситуација дали ќе останеме или ќе си одиме. Чесите како да беа похрабри од нас, порешителни, преземаа одговорност и реализираа, за разлика од нас кои ги промашивме нашите шанси. Друг ќе беше сега муабетот ако реализиравме барем пола од нив“, вели Брестовац.

Фото: ehf-euro.com

Вели дека одбраната ќе биде клучна за победникот во утрешниот меч со Австрија. Играта во дефанзива беше на ниво во првото полувреме против Чешка во кое противникот беше лимитиран на само девет гола, но продолжението на натпреварот донесе „распад на системот“, грешки и брзоплетост на моменти за што „црвено-жолтите“ беа казнети. Ниту 11-те гола на капитенот Кире Лазаров, сепак, не беа доволни за избегнување на поразот, оти покрај порозната одбрана во второто полувреме, во лошата вечер се вклопија и голманите Ристовски и Митревски кои завршија со само четири интервенции.

„Повеќе внимание на состаноците посветивме на одбраната и, горе-долу, повеќе ми чкрипи во нападот. Во Танкоски и Мишевски добивме плус двајца играчи во ротацијата, по еден во одбрана и во напад, но турнирот е краток да добиеме уште еден ракометар во случај да не им тргне на Кузмановски и на Талески. Преземам одговорност за секој потег што го влечам, но муислам дека засега е добро. Австрија е сосема поразлична репрезентација од Чешка. Имаат двајца шутери во Билик и Божовиќ, па затоа и пристапот ќе биде поинаков. Сè уште ништо не е загубено, се надевам дека ќе одиграме според договорот и на крајот ќе имаме причини за радост и задоволство“, коментира Брестовац.

Фото: twitter

Пласман во наредната групна фаза по два одиграни меча на шампионатот веќе обезбедија Норвешка, Хрватска и изненадувањето Португалија, а без шанси останаа селекциите Франција, на БиХ и на Србија.

Австрија ЕП 2020 Македонија Ракомет (м) Чешка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.