Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брисел денес ја активираше “атомската бомба” против Полска

1
By Светлана Јовановска on December 20, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За прв пат во историјата на ЕУ денес беше активирана европската нуклеарна бомба против Полска. Европските комесари денес им предложија на земјите членки да и го одземат на Полска правото на глас во ЕУ.

“По повеќе напори, во текот на речиси две години, да ги воведеме полските власти во конструктивен дијалог во Рамката за правна држава, Европската комисија (ЕК) денес заклучи дека постои јасен ризик за сериозно нарушување на владеењето на правото”, изјави денес вториот човек на ЕК Франс Тимерманс.

Причината за оваа одлука без преседан во историјата на ЕУ е судската реформа во Полска. Реформа која значи “дека судските власти се сега под тотална контрола на владеачкото мнозинство”, објаснува ЕК.

“Во отсуство на судска независност, се поставуваат сериозни прашања за ефективна примена на ЕУ законот”, вели ЕК и додава дека во опасност се доведуваат различни области од заедничкото европско живеење како на пример признавање на одлуките во доделување на детето по развод на брачни партнери од кои едниот од Полска, заштитата на инвестициите или извршување на европскиот мандат за апсење.

Истовремено, ЕК им порачува на полските власти дека можат да спречат активирањето на членот 7 доколку решат да ги применат препораките на Комисијата.

Оваа најстрога санкција на ЕУ со ова влегува во првата фаза на извршувањето но има големи шанси таа никогаш да не биде применета. Следната фаза е прифаќање на предлогот на ЕК од страна на 22 земји членки на ЕУ.

Но, за да биде санкцијата навистина применета треба да го добие гласовите на 27 членки, без земјата кон која санкцијата е наменета. Унгарија одамна стави на знаење дека нема да крене рака во министерскиот совет и нема да прифати санкција против Полска.

Самото активирање на членот 7 е силна симболична порака до полските власти, порака што ќе биде дебатирана на министерски совет и без сомение ќе има влијание врз Полска.

Откако полската партија Право и правда дојде на власт во 2015 година, таа тргна во судска реформа насочена, помеѓу другите судови, и кон Уставниот суд и Националниот совет на судии. Овие мерки беа остро критикувани во судските кругови во Полска и во ЕК. Тие сметаат дека ова е јасен обид да се стави судството под контрола на власта.

Варшава од друга страна, тврди дека овие реформи се неопходни за рационализирање на судскиит систем и борбата против корупцијата. Власта во Полска вели дека е време да се стави крај на “судската каста од комунистичкиот режим”.

владеење на правото Европска комисија Полска правна држава санкции судска реформа Франс Тимерманс член 7
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.