Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брисел и Берлин: С. Македонија и Бугарија се отворија, очекуваме позитивни резултати

0
By Sashko on January 22, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новиот импулс во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, по посетата на бугарскиот премиер, е добар знак за почетокот на преговори со Европската Унија (ЕУ). Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен вчера го поздрави воспоставениот дијалог на ниво на премиери меѓу двете земји и истакна дека Брисел силно го поддржува овој процес.

Во телефонски разговор со премиерот Димитар Ковачевски, Фон дер Лајен нагласи дека таа лично, но и целата Комисија, се спремни да помогнат со цел што побрзо одржување на првата меѓувладина конференција со Република Северна Македонија.

И висок дипломатски извор од ЕУ оцени дека посетата на премиерот на Бугарија Кирил Петков на Скопје оваа недела претставува отворање меѓу двете страни.

Не сакам да зборам на место на лидерите, но гледаме отворање. Ние како претседателство бараме конкретизација за да можеме да ги отвориме преговорите за членство, не само со Северна Македонија туку и со Албанија штом условите се исполнети, објасни овој висок дипломат во Брисел.

Во вторник во Брисел ќе се одржи редовниот Совет за општи работи на ЕУ каде ќе се состанат министрите за европски прашања на ЕУ. Проширувањето нема да биде на дневен ред, потврди француското претседателство, кое претседава со состанокот. Но, министрите се слободни да го покренат прашањето за проширувањето или за Северна Македонија, доколку сметаат дека е потребно.

Франција нагласува и дека останува на располагање на двете страни да им помогне да го надминат спорот и да изнајдат решение.

Од почеток рековме дека ќе поттикнеме изнаоѓање на решение меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, рече француски дипломат за МИА.

Надеж дека земјава наскоро ќе ги почне преговорите вчера изрази и државната министерка во германското Министерство за надворешни работи, Ана Лирман.

Лирман во интервју за „Дојче веле“ истакна дека ЕУ и Бугарија треба да си го одржат ветувањето кон Северна Македонија. Смета дека се многу позитивни и охрабрувачки сигналите од првата средба на македонскиот премиер Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега Кирил Петков во Скопје.

Убав сигнал е тоа што новата македонска и бугарска влада отворено се придвижија. Се надевам дека билатералните теми кои постојат во тој билатерален формат набрзо ќе се надминат, истакна Лирман.

Берлин и Брисел се подготвени да го поддржат процесот, но, како што посочи, во најголем дел се работи за билатерален процес.

Мислам дека и за новата бугарска влада приоритет е да продолжи со сопствената реформска агенда и дека постои желба историјата да им се остави на историчарите, додаде Лирман.

За најновиот развој на односите меѓу двете соседни држави во светло на неодамнешната посета на претседателот на владата на Бугарија на Скопје, како и за претстојните активности во Софија, вчера телефонски разговарале претседателите на двете земји Стево Пендаровски и Румен Радев.

Пендаровски го поздравил воспоставениот дијалог меѓу двете влади и ја истакнал подготвеноста на Република Северна Македонија за негово интензивирање во наредниот период. Во насока на зајакнување на дијалогот меѓу двете земји, двајцата претседатели разговарале и за можноста за скорешна официјална посета на Пендаровски на Софија, како и за интензивирање на комуникацијата на највисоко ниво во претстојниот период.

Надеж за можен пробив во решавање на проблемот изрази и холандскиот амбасадоор во Скопје, Јан дирк Коп. Холандија очекува обновената комуникација меѓу двете влади да го поттикне очекуваниот напредок во процесот за членство на Северна Македонија во ЕУ со одржување на првата Меѓувладина седница за отворање на поглавјата, истакнал амабасадорот Дирк Коп на вчерашната средба со премиерот Димитар Ковачевски.

И САД остануваст силен поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија. Американската поддршка во процесот на европската интеграција на земјава и важноста и неопходноста од напредок на Западен Балкан во процесот на евроинтеграциите, уште еднаш е потврдено на средбата на амбасадорката Кејт Мери Брнз со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Во пресрет на заедничката седница со Владата на Бугарија на 25 јануари, Маричиќ ѝ го претставил на амбасадорката Брнз начинот на кој ќе се формираат и на кој ќе функционираат работните групи во рамки на новиот пристап со Бугарија, од кои се очекува да го придвижат процесот за надминување на отворените прашања, но и да бидат добра основа за зајакнување на соработката помеѓу институциите, граѓанскиот и бизнис секторите.

Според договореното меѓу Ковачевски и Петков, формирани се заеднички меѓувладини работни групи за економија, трговија и иновации, за инфраструктура, транспорт и поврзување, за европска интеграција и зелени политики и за култура, наука и образование. За копретседавачи на работните групи се именувани вицепремиерите и министри од соодветните ресори, а во нив ќе членуваат и претставници на ресорните министерства и соодветните агенции и институции.

Новите влади во Скопје и во Софија очекуваат новиот пристап кон решавањето на отворените прашања да доведе до позитивен исход и да ја отвори перспективата на Северна Македонија за отворање на пристапните преговори со ЕУ.

Бугарија дијалог ЕК ЕУ Македонија очекувања решение спор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.