Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Британската полиција потврди: Алардајс не е дел од нашата истрага

0
By Нова ТВ on November 11, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 11, 2016 20:36

Британската полиција отпочна акција по наводите за подмитување во фудбалот, откако ги прегледа материјалите на „Дејли Телеграф“ што се однесуваат на корупциски сомнежи. Во соопштението што притоа го издаде порача дека Сем Алардајс „не е дел од нашата истрага“.

Биг Сем, како популарно го нарекуваат фудбалскиот менаџер, ја напушти функцијата селектор на Англија по објавата на снимка од „Дејли Телеграф“ во која нуди совети за заобиколување на правилата при трансфер на играчи. Алардајс го предводеше „Гордиот Албион“ во само еден натпревар пред раскинување на соработката во Фудбалската асоцијација (ФА).

Уверен дека немаат докази против него

„Бев уверен дека така ќе биде бидејќи немаат докази против мене. Од Фудбалската асоцијација барам да се позабави со овој случај што поскоро. Иако сум тажен со прераното завршување на мојот мандат, сепак, сум и горд што бев одбран да ја водам репрезентацијата на Англија. Се надевам дека ваквата потврда од полицијата ќе ми овоможи да продолжам натаму“, беше реакцијата на Алардајс што ја пренесе „Би-Би-Си“.

Алардајс беше на клупата на Англија само 67 дена по што на негово место беше назначен Герет Саутгејт како в.д. селектор. Замина по тајно направените снимки на весникот „Дејли Телеграф“ во кои тој разговара со новинари што се преправени во бизнисмени од Далечниот исток како да се „заобиколат“ правила за трансфер на фудбалери во сопственост на трета страна. Подоцна за „Скај Спортс“ се правдаше дека го сторил тоа за да му направи услуга на неговиот пријател и агент Скот Мекгарви бидејќи се надевал дека ќе помогне да успее да заврши работа.

Телеграф потоа објави дека истрагата се шири на уште осум „поранешни и сегашни менаџери“ во Премиерлигата што се вмешани во корупција без притоа да бидат наведени имиња.

 

 

Велика Британија истрага Корупција полиција Сем Алардајс фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.