Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Британски научници: Ако не се воведат мерки, во јануари очекуваме голем бран на заразени со омикрон

0
By Sashko on December 11, 2021 СВЕТ
Фото: discovermagazine.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доколку не се преземат дополнителни рестриктивни мерки, Велика Британија во јануари ќе се соочи со голем бран на заразени лица со новиот сој омикрон, изјавија британски научници врз основа на спроведени студии и предвидувања, објави денеска „Би-Би-Си“.

Доктор Ник Дејвис од лондонскиот Факултет за хигиена и тропска медицина (LSHTM) и еден од врвните британски истражувачи, истакна дека омикронот „се шири многу брзо“, тоа е „прилично загрижувачка варијанта“ и веројатно ќе биде доминантна форма на коронавирус во Англија до крајот на годинава.

Во извештајот на влијателна група научници кои го предвидуваат текот на настаните врз основа на математички модели, вклучително и оние кои ја советуваат британската Влада, се наведува дека во Англија моментно бројот на заразени двојно се зголемува на секои два до четири дена.

Британските експерти најавија и дека бројот на смртни случаи од последиците на оваа варијанта на коронавирус би можел да изнесува меѓу 25.000 и 75.000 до крајот на април во 2022 година, во зависност од тоа колку ќе биде ефективна вакцината.

Но, експертите кои стојат зад истражувањето сметаат дека сè е прилично неизвесно кога станува збор за предвидување на текот на настаните. Тие велат дека, во најлош случај, можеби ќе биде неопходно да се воведат построги ограничувања за да се спречи пренатрупаност во болниците.

Врз основа на она што се случува сега, можеме да очекуваме голем бран на ширење на сојот омикрон во Велика Британија, изјави доктор Дејвис.

Истовремено, тој и неговите колеги веруваат дека големиот интерес на населението за засилувачка доза на вакцината против ковид-19, веројатно ќе го ублажи влијанието на ширењето на омикронот. Најголемата неизвесност е до кој степен имунизацијата и дополнителните дози на вакцината ќе можат да спречат хоспитализација на населението.

Според претходни студии спроведени од Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство врз основа на собраните податоци, две дози од вакцината обезбедуваат само ограничена заштита од развој на симптоми по инфекција со омикрон, но засилувачката доза ја зголемува ефикасноста на 75 проценти.

Според најоптимистичкото сценарио, бројот на хоспитализирани секојдневно треба да биде за 40 отсто помал од оној во периодот на најголемата зараза минатата зима.

Во најпесимистичкото сценарио, бројот на болнички пациенти може да биде и речиси двојно поголем. Сепак, во извештајот се заклучува дека според „повеќето сценарија“, со сегашните мерки ќе има повеќе хоспитализирани отколку минатата зима.

Велика Британија Ковид-19 мерки научници Омикрон Предвидување Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.