Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брнабиќ: Нема зголемен притисок на мигранти на српските граници

0
By Нова ТВ on March 6, 2020 СВЕТ
Фото: kim.gov.rs
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Српската премиерка Ана Брнабиќ се запозна со актуелната состојба во однос на движењата на мигрантите и координацијата во работата на државните органи. На состанокот во Белград, на кој учествуваа и вицепремиерот и министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, министерот за одбрана Александар Вулин, министерот за здравство Златибор Лончар и комесарот за бегалци и миграција Владимир Чучиќ, било истакнато дека нема зголемен притисок на мигранти на границите на Србија, дека состојбата на границата меѓу Турција и Грција се стабилизира, истакнувајќи дека бројот на мигранти е на исто ниво како и во претходните месеци, соопштија од српската влада.

Учесниците на состанокот ја известиле премиерката Брнабиќ за мерките кои ги спроведуваат државните институции, оценувајќи дека ситуацијата е под контрола и дека нема закани по безбедноста на земјата и оти се спроведува нулта толеранција за нелегални премини. На Министерството за здравство му е наложено да воспостави карантин за мигрантите, како уште една форма на дополнителна заштита од коронавирусот.

Од почетокот на мигрантската криза, низ Србија минаа над еден милион мигранти, додека во моментот околу 6.000 лица се наоѓаат во вкупно 17 прифатни центри и тој број е непроменет, се наведува во соопштението на српската влада.

„Вечерњи Новости“ и „Танјуг“, повикувајќи се на неименувани извори, објавија дека „српскиот претседател Александар Вучиќ и наредил на војската, полицијата и на Безбедносно-информативната агенција (БИА), речиси, херметички да ја затворат границата на Србија кон Северна Македонија, доколку дојде до наплив на мигранти кои со денови се обидуваат да влезат во Грција, од турска страна“. Вучиќ пред два дена на вонредна прес-конференција изјави дека Србија ќе ја заштити својата територија и нема да дозволи „да стане паркинг за мигрантите“.

Ана Брнабиќ мерки Мигранти Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.