Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брод на италијанската морнарица пристигна во Албанија со 49 мигранти

0
By Marija Todorovska on January 28, 2025 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 28, 2025 10:48

Рим: Брод на италијанската морнарица со 49 мигранти денеска пристигна во Албанија каде ќе се обработуваат нивните барања за азил.

Италијанското Министерство за внатрешни работи не ја прецизираше националноста на мигрантите кои беа донесени во пристаништето Свети Јован, 66 километри северозападно од Тирана, но италијанските медиуми јавија дека се од Бангладеш, Египет, Брегот на Слоновата Коска и Гамбија.

Италија склучи договор со Албанија според кој мигрантите пресретнати на море можат да бидат префрлени во Албанија додека ја чекаат одлуката за нивните барања за азил. Сепак, овој процес наиде на пречки во Италија, бидејќи италијанските судови претходно одбиваа да дозволат депортација на мигранти во Албанија, сметајќи дека земјите на потекло на мигрантите не се безбедни за нивно враќање. На крајот, највисокиот суд во Италија пресуди дека судиите не можат да одлучуваат кои земји се безбедни за депортација. Мигрантите кои ќе добијат азил ќе бидат префрлени во Италија, додека оние на кои нема да им биде одобрен азил ќе бидат депортирани од Албанија.

Договорот за преместување на барателите на азил во земја надвор од Европската унија беше поздравен во некои земји кои, како Италија, се соочуваат со висок број на миграции, но активистите за човекови права го критикуваа договорот како опасен преседан.

азил Албанија брод Мигранти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 1, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

ВЕСТИ June 1, 2026

Преговарачкиот тим на Иран ја суспендира размената на пораки со САД преку посредници поради израелските…

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

May 31, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.