Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Будимпешта се уште без одговор за барањето за испорачување на Груевски 

0
By Нова ТВ on December 11, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 11, 2018 12:57

Унгарските институции се уште не се изјасниле за барањето на македонската Влада за екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој пред еден месец избега од Македонија во оваа земја членка на ЕУ, каде потоа доби политички азил.

Македонското Министерство за правда се уште нема добиено никаков одговор на барањето, ниту, пак, како што објаснуваат за МИА од таму, има некаква официјална реакција или преписка во врска со овој случај.

Груевски избега од Македонија кога требаше да се јави на издржување на двегодишната затворска казна за случајот со набавка на луксузниот мерцедес. Додека судските доставувачи го бараа на неговата адреса, поранешниот премиер патуваше за Унгарија, преку соседните балкански земји.

-Нема рок за одговор или екстрадиција на осудено лице, велат од Министерството за правда. Но во претходните искуства со екстрадиција на осудени лица Унгарија како она од септември, на пример, се решавало многу бргу. Сепак, случајот со Груевски е многу специфичен бидејќи станува збор за лице, поранешен премиер, кој има добиено политички азил во оваа земја членка на Европската унија.

„Правно гледано, спецификата во овој случај е во азилот“, посочуваат од Министерството за правда, нагласувајќи дека лицето, кое и да е, се додека има меѓународна заштита не може да биде екстрадирано во матичната земја.

Во случајот со Груевски, според постапките за азил на Унгарската канцеларија за имиграција на секои три години повторно се разгледува статусот на секој кој добил азил во Унгарија. Но, останува да видиме дали ќе се чека толку време за преиспитување на азилот и за поранешниот македонски премиер, кој има блиски пријателски односи со актуелниот унгарски премиер Виктор Орбан.

Министерството за правда на Република Македонија барањето за екстрадиција го поднесе на 20 ноември оваа година до надлежното унгарско Министерство за екстрадиција, но истиот ден Груевски во статус на својот Фејсбук профил објави дека добил политички азил во Унгарија.

„Барањето за екстрадиција се однесува за извршување на правосилна судска пресуда изречена во траење од две години и за водење на четири кривични постапки кои се пред домашните судови, а укажуваме дека за него се водат и четири истраги, како и една предистражна постапка за кои надлежните органи можа да почнат и судски постапки во зависност од истрагата“, се маведува во барањето на Министерството за правда.

Во меѓувреме, на Груевски во отсуство му се изречени неколку мерки притвор, но притворени се и негови сопартијци и обвинети во дела за кои и тој е обвинет, како Миле Јанакиевски, Кирил Божиновски.

Последен пат избегалниот поранешен македонски премиер и се обрати на македонската јавност токму преку тој Фејсбук статусот од 20 ноември.

Директорот на унгарскиот Центар за медиуми, податоци и општество Мариус Драгомир во изјава за МИА вели дека било објавено дека поранешниот македонски премиер Груевски бил примен од унгарскиот премиер Орбан, но оти според него е тешко да се каже дали тој е во Будимпешта или не е.

– Не сум го видел со мои очи, вели тој.

За Орбан, пак, посочува дека станал познат по тоа дека им помага на автократите и криминалците од Европа, така што за него и не е изненадување што му помогнал на човек како Груевски.

-Има многу извештаи за корупција во унгарската Влада, така што Орбан наскоро веројатно ќе ја има судбината на Груевски. Па, така, има смисла зошто им помага на веќе осудени, вели Драгомир.

Унгарскиот медиумски експерт, кој порано работел и за Институтот отворено општество, смета дека унгарската Влада треба да го врати Груевски дома.

-Барањето за азил во земја членка на ЕУ нема никаква смисла, а информацијата дека унгарската Влада му одобрила азил само покажува колку е раширен организираниот криминал во регионот и колку тие ги контролираат државните структури, изјави Драгомир.

Сепак, ако се следи изјавата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, за екстрадиција на Груевски во Македонија најверојатно ќе се почека. Тој во Брисел вчера пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ кажа дека не верува дека Никола Груевски ќе биде екстрадиран од Унгарија во Македонија.

Запрашан дали ги поддржува амандманите на Европскиот парламент во извештајот за Македонија во кои се бара Унгарија да го врати Груевски во Македонија, Хан одговори „се надевам дека тоа ќе се случи, но не е многу веројатно бидејќи двете земји немаат спогодба, но ја разбирам позицијата на Европскиот Парламент“.

На ова веднаш кусо одговори унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто дека „комесарот за проширување треба да се грижи за проширувањето, а не за законските процеси во земјите членки“.

Министерката за правда Рената Дескоска денеска рече дека очекува дека Унгарија како земја членка на Европската унија при носењето на одлука за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски ќе се води по европските стандарди и конвенции.

Груевски Дескоска екстрадиција Министерство за правда Сијарто Унгарски центар за медиуми Хан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.