Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Буфон и Донарума го „запознаа“ Несторовски, може ли и Де Хеа?

0
By Нова ТВ on November 8, 2016 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кордаз (Кротоне), Бериша (Аталанта), Вивијано (Сампдорија), Карнезис (Удинезе), Сторари (Калјари), Гореш (Израел). Ова се дел од голманите што капитулираа пред Илија Несторовски во оваа сезона. Но, не е и комплетната листа на „жртви“ на напаѓачот на Палермо и на фудбалската селекција на Македонија. Највредните што вадеа топка од сопствената мрежа беа Буфон и Донарума, првиот докажан и во заминување, вториот допрва треба да се докажува и наметнува. Она што е заедничко за двајцата е статусот на репрезентативци на Италија што го имаат, двајцата се Џанлуиџи, двајцата беа совладани во рамки на месечен период.

„Нестогол“ како што популарно го нарекуваат на Сицилија е во неверојатна гол низа. За кратко време стана омилен лик на „Ренцо Барбера“, а два меча му беа потребни и на „Телеком арена“ во Скопје и во него да се гледа како на потенцијален иден лидер на националниот тим. За сицилијанците постигна шест гола од деветте колку што има целата екипа во изминатите 13 кола во Серија А. Или, ако бодовите се поместат во преден план, тогаш пет од шесте колку што брои екипата се освоени по негови реализации и уште по третина од првенството го навлече вниманието врз себе и неколкукратно ја зголеми сопствената цена на пазарот.

Фото: ffm.mk
Фото: ffm.mk

Во овој контекст и прашањето – може ли Несторовски да се претстави и пред Реина или Де Хеа, сеедно, во сабота во Гранада во мечот на Македонија против Шпанија во цилусот на квалификации за светското првенство во Русија во 2018 година? – Неговите голови против Израелците и „азурите“ не беа доволни за тимот да излезе од нултата позиција на табелата, но и тоа како се причина за негување надежи дека „Нестогол“ може да „пукне“ и на „Лос Карменес“ против „црвената фурија“.

Албанија, Израел и Италија нè казнија, но тоа не смее да нè поколеба

„Против Шпанија е тешко да се игра пресинг или да се напаѓа како го правеве тоа во дуелите со Израел и со Италија. Меѓутоа мора да истраеме и да продолжиме на начин на кој игравме и досега. Фудбалот нè казни против Албанија, Израел и Италија што не смее да нè поколеба. Мора да дадеме максимум и да оставиме добар впечаток, мора да бидеме на највисоко ниво“, коментира Несторовски за време на подготовките на репрезентацијата во Скопје.

Македонија денеска одработи два тренинга на тренинг комлексот „Петар Милошевски“ при ФФМ. На болки во задната ложа на десната нога се пожали капитенот Горан Пандев, па работеше со намалено темпо и индивидуално со асистентите на селекторот Ангеловски во стручниот штаб. Последните информации велат дека повредата не е сериозна и капитенот ќе биде подготвен за настап во Гранада. Репрезентацијата за Шпанија заминува задутре.

 

Илија Несторовски квалификации за СП 2018 Македонија репрезентација фудбал Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.