Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарија меѓу сопствениот фудбалски ѕид на плачот и европскиот столб на срамот

0
By Нова ТВ on October 15, 2019 СПОРТ
Фото: nbcsports.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 15, 2019 22:33

Бугарија се најде пред сопствен ѕид на плачот, но и пред светски столб на срамот. Пред првиот ја доведоа фудбалските репрезентативци кои на стадионот „Васил Левски“ во Софија загубија од Англија со 0:6 во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, пред вториот ја доведоа група навивачи кои за дел од избраниците на селекторот Герет Саутгејт упатуваа извици што имплицираат расистички навреди, а пред ТВ камерите и фотообјективите се претставија и со нацистички поздрав од својот „богат“ репертоар. Педагошки да влијае кај нив се обиде голманот Илиев Иванов и дел од соиграчите додека бугарскиот селектор Красимир Балаков по мечот рече „не слушнав ништо навредливо од трибините“.

Зад источниот сосед е ден на турбуленции, нервози, одлуки, критики и реакции од домашни и странски фактори и медиуми. Се огласи и Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) која од Владите побара да ја засилат „борбата против расистите“ што ќе значи полесно справување со појавата и на стадионите. Од централата во Нион и најава за строги казни во иднина за испадите од таков тип.

Почетокот на работниот ден му преседна најпрво на премиерот Бојко Борисов кој ставен во тесно и со вперен прст од меѓународната заедница, веднаш побара оставка од првиот човек на Бугарскиот фудбалски сојуз, Борислав Михајлов. Тој, пак, прво одби да се повлече од функцијата за потоа, сепак, да го прифати апелот од првиот човек во Владата.

По гостувањето на Ангија во Софија се јави и британскиот премиер, Борис Џонсон кој побара остри санкции за Бугарија. Саутгејт пред мечот предупреди на можни расистички испади од трибините, што подолг период е случај на стадионите источно од нас, за што доби поддршка и во британските медиуми додека за бугарските беше претерано драматизирање на ситуацијата.

Стадионот „Васил Левски“ и онака беше делумно затворен за мечот со Англија. Бугарската федерација беше казнета за расистичкото однесување на нејзините навивачи и во дуелите со Косово и со Чешка во групата А од тековниот циклус, а сега се наоѓа и пред сериозна санцкија доколку Дисциплинската комисија при УЕФА заклучи трет прекршок во квалификациите што е, секако, за очекување. Една од опциите што „висат“ над бугарскиот фудбал е исклучување на националниот тим од натамошните квалификации.

Поради расистичките испади и нацистичките поздравувања, натпреварот во два наврата беше во прекин во првото полувреме. Англиските фудбалери и стручен штаб, ако сакаа, можеа комотно да се повлечат во соблекувалните и против таквата нивна одлука ќе немаше забелешка од никого. Но, решија да останат во мечот и до врв да ја наполнат бугарската мрежа.

Англија Бугарија ЕП 2020 квалификации фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.