Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарија се движи кон нови, трети, парламентарни избори оваа година

0
By Sashko on August 21, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 21, 2021 10:16

Бугарија е сè поблиску до нови избори, отколку до евентуално надминување на зацементираните позиции меѓу таканаречените „протестни партии“ за состав на нова функционална политичка влада, со силна поддршка во редовите на Народното собрание. Откако пред десетина дена „Има таков народ“ (ИТН) го врати мандатот, вчера истата постапка ја повтори и доскорешната владеачка партија ГЕРБ, второпласираната на последните избори што се одржаа на 11 јули, со која ниту една партија во бугарскиот Парламент не сака да коалицира. Но, проблемот е што не сакаат да коалицираат ниту анти-ГЕРБ партиите, секако, секоја од свои причини.

Во ситуација кога ИТН, со своите 65 пратеници, веќе се смета за опозиција, кога со ГЕРБ, никој не сака „да игра“, тогаш останатите партии, пред сè, заради нивните теснопартиски интереси, немаат големи шанси сами да направат влада.

ИТН, според нејзиниот лидер, шоуменот Слави Трифонов, веќе е опозиција, затоа што не успеа да ги убеди наводно блиските протестни партии

Сега на ред повторно е претседателот Румен Радев, кој треба да одлучи дали третиот мандат ќе го понуди на лидерката на БСП, Корнелија Нинова или како и минатиот пат, ќе излезе со свој предлог за техничка, експертска или службена влада, сеедно, но која задолжително мора да биде со краток рок. До следните избори. А тие најверојатно ќе бидат уште есенва, и многу веројатно заедно со претседателските избори.

Нинова претходно најави дека ќе се обиде да формира влада и по добивањето на третиот мандат ќе ги почне консултациите со  „Демократска Бугарија“ и „Исправи се Бугаријо! Ние доаѓаме“, бидејќи со трите партии имаат заеднички основа на која може да ги дефинираат приоритетите и политиките на новата власт. Но, таа вели и дека БСП не се откажала од идејата техничкиот владин кабинет да стане редовна влада.

Проблемот кај потенцијалните владини партнери се корупцијата во земјата, за што на минатогодишните протести најмногу беше обвинувана власта на Борисов, како и реформите во правосудниот систем, за кои сите начелно се залагаат, но имаат разлики околу редоследот на потезите. Најголем проблем во оваа жешка тема е Главниот обвинител Иван Гешев, за кого бараат начин како да го сменат, за бруталноста на полициската реакција за време на протестите, за што бараат одговорност, а не знаат како да ја добијат.

Втората поголема разлика е ребалансот за буџетот и приоритетите за трошењето на парите – заздравување на економијата, бегалски бранови, ковид-19, итн. Во меѓувреме, се чини, најголемите меѓусебни проблеми и недоверба си ја вметнаа со утврдување на двојното државјанство на актуелниот технички министер Петков. А сè погласни се и обвинувањата, особено од досегашните властодршци, дека претседателот Радев со потезите што ги влече, дополнително ја дели Бугарија и политички и партиски, што многу тешко може да доведе до некакво обединување и изградба на општо прифатлив став.

Ваквата слика на актуелната политичка слика на Бугарија, некако најилустративно ја нацрта Слави Трифонов, со ставот – „бидејќи сум нов во политиката, очигледно не ги разбирам работите како што ги разбираат искусните политичари. Искусните бугарски политичари. Очигледно некои работи, како што се конзистентност, одржување на зборот, искреност, компромис, гест, почит. Јавно овие работи се дел од нормалниот живот, но од политичкиот – не се! Таму, овие зборови добиваат сосема поинакво значење, звучат исто, но всушност го сугерираат токму спротивното. Да, јас не ги разбирам овие работи. И да бидам искрен – не сакам да ги разберам, ниту пак некогаш ќе го прифатам овој начин на однесување, во кој вие кажувате едно, а правите друго, во кое лагата е вистинска, компромисот е наведнување, а искреноста е некоја архаична глупост“.

Што ќе одлучи претседателот Радев допрва ќе се види, можеби и за време на викендот, но аналитичарите предвидуваат дека исходот од евентуално новите избори може да биде сличен на претходните и да ја продлабочи и она веќе сериозната политичка криза во оваа најсиромашна земја-членка на ЕУ.

Бугарија Влада избори регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.