Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарија со 30 страници забелешки за македонските учебници по историја

0
By Нова ТВ on November 10, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарија достави над 30 страници со забелешки за учебниците по историја во Македонија, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Одговарајќи на пратеничко прашање во бугарскиот Парламент, таа рече дека заедничката Комисија за историски и образовни прашања формирана по Договорот за добрососедство меѓу двете земји веќе имала два состанока, а третиот е најавен до крајот на овој месец. Се разгледуваат учебниците по историја и во двете земји, направен е преглед на учебниците од шесто до седмо одделение во Македонија и за нив се доставени над 30 страници забелешки.

Захариева вели дека иако бугарските претставници од комисијата констатирале сериозни проблеми во содржината на учебниците, атмосферата во комисијата е конструктивна.

Таа посочи дека комисијата секоја година до владите на двете земји ќе треба да доставува извештај за сработеното. За Бугарија, вели Захариева, е важно да се постигне меѓусебна согласност за заедничките историски настани и личности кои би требало заеднички да се чествуваат.

Членовите на заедничката комисија веќе ја утврдиле методологијата на работа, а договорено е состаноците да се одржуваат на ротациски принцип, еднаш во Бугарија, еднаш во Македонија.

Захариева истакна дека очекувањата од работата на комисијата се многу големи. Бугарските претставници во неа, како што наведе, се определени по сеопфатни консултации со Бугарската академија на науките и Факултетот по историја на Универзитетот во Софија.

Шефот на македонскиот тим Драган Ѓоргиев вчера истакна дека Македонија и Бугарија немаат никакви различни гледишта за праисторискиот и античкиот период, а забелешките се главно за содржините од средниот век – за Самоиловата држава и за просветителите Св. Кирил и Методиј.

„Утврдени се пропусти и во нашите и во бугарските учебници и започната е анализа за дел од нив“, вели Ѓоргиев.

Бугарскиот историчар Стефан Дечев, пак, очекува промени во учебниците по историја во двете држави, но укажува дека за тоа ќе биде потребен подолг временски период.

Со отворање на историографијата една кон друга и со вклучување на млади кадри кои имаат современо образование може да биде постигнат успех и меѓусебно разбирање, вели Дечев.

Бугарија Екатерина Захариева Забелешки Историја комисија Македонија ученици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.