Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарскиот премиер Кирил Петков во посета на земјава

0
By Sashko on January 18, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 18, 2022 07:49

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска ќе престојува во еднодневна официјалната посета на Република Северна Македонија заедно со Кристиан Вигенин, заменик-претседател на Народното Собрание на Република Бугарија и со бугарските министри за надворешни работи и за транспорт и врски, Теодора Генчовска и Николај Сабев.

На аеродромот во Скопје, владината делегација на Република Бугарија ќе ја пречека министерот за надворешни работи Бујар Османи по што се очекува да започне официјалниот дел на посетата со церемонијалниот пречек со високи државни и воени почести пред Владата на Република Северна Македонија.

Бугарската делегација ќе ја пречека премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министрите за надворешни работи и за транспорт и врски, Бујар Османи и Благој Бочварски, како и од членови на Канцеларијата на претседателот на Владата и на Министерството за надворешни работи.

Според агендата за посетата, премиерите Ковачевски и Петков ќе имаат тет-а-тет средба, а одделни средби ќе имаат и вицепремиерот Бојан Маричиќ со потпретседателот на бугарското Народно Собрание, Кристиан Вигенин, министрите за надворешни работи на двете држави, Бујар Османи и Теодора Генчовска, како и министрите за транспорт и врски Благој Бочварски и Николај Сабев.

Програмата за посетата потоа предвидува пленарен состанок на двете делегации со кој ќе претседаваат премиерите Ковачевски и Петков по што ќе следува и нивна заедничка прес-конференција.

Премиерите Ковачевски и Петков, потоа, во Клубот на пратениците, официјално ќе го промовираат проектот за помош во развојот „Електронски дневник за лица со дијабетес“, кој премиерот Петков ќе му го врачи на премиерот Ковачевски како донација на Република Бугарија.

Во преостанатиот дел од агендата за посетата на делегацијата на Република Бугарија, премиерот Петков ќе има одделни средби со претседателот Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Официјалната посета е предвидено да заврши во вечерните часови после што владината делегација на Република Бугарија ќе замине за меѓународниот аеродром Скопје на лет за Софија.

Бугарија Кирил Петков Македонија посета премиер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.