Григор Димитров и Давид Гофан ќе играат во утрешното финале на тенискиот Мастерс во Лондон. Бугаринот во полуфиналето го совлада Џек Сок од САД со 4:6, 6:0 6:3 и за првпат во кариерата ќе игра за трофеј на завршниот турнир во сезоната. Но, триумфот над Американецот има и причина плус за задоволство кај Димитров кој од понеделник ќе биде и трет рекет во светот.
Гофан претходно приреди сензација во лондонска „О2 арена“. Белгиецот во три сета го елиминира Роџер Федерер (2:6, 6:3, 6:4) за, исто така, дебитантско финале на завршниот Мастерс што е закажано за утревечер од 19 часот.
АТП Мастерс во Лондон
Полуфинале
Димитров (Бугарија) – Сок (САД) 4:6, 6:0 6:3
Гофан (Белгија) – Федерер (Швајцарија) 2:6, 6:3, 6:4