Фудбалерите на Ајнтрахт покажаа две лица во само две кола во Бундеслигата. Во минатиот викенд го декласираа Баерн Минхен со 5:1 за попладнево да загубат од Фрајбург со 0:1 во последниот меч од 11. коло во германскиот шампионат.

Стрелец на единствениот гол на стадионот „Шварцвалд“ беше Нилс Петерсен во 77. минута по асистенција на Гинтер. Дуелот во Фрајбург го одбележаа и трите црвени картони што ги подели судијата Феликс Брих – еден на домашниот фудбалер Винченцо Грифо и два за гостинските играчи Желсон Фернандез и Давид Абрахам.

Двајца од нив (Грифо и Абрахам) „поцрвенеа“ во судиското екстра време на мечот по инцидентот во кој гостинскиот фудбалер, во намера да дојде до топка, го бутна на земја тренерот на Фрајбург, Кристијан Стрих по што настана општа мешаница, меѓутоа страстите за среќа брзо се смирија.

Бундеслига, 11 коло

Фрајбург – Ајнтрахт Франкфурт 1:0

Волфсбург – Баер Леверкузен 0:2

Борусија Менхенгладбах – Вердер 3:1

Баерн Минхен – Борусија Дортмунд 4:0

Шалке – Фортуна Дизелдорф 3:3

Падерборн – Аугсбург 0:1

Мајнц – Унион Берлин 2:3

Херта – Лајпциг 2:4

Келн – Хофенхајм 1:2

Табела: Борусија Менхенгладбах 25, Лајпциг 21, Баерн Минхен 21, Фрајбург 21, Хофенхајм 20, Борусија Дортмунд 19, Шалке 19, Баер Леверкузен 18, Ајнтрахт Франкфурт 17, Волфсбург 17, Унион Берлин 13, Херта 11, Фортуна Дизелдорф 11, Вердер 11, Аугсбург 10, Мајнц 9, Келн 7, Падерборн 4.