Борусија Дортмунд го доживеа првиот пораз во Бундеслигата во оваа сезона. Фортуна во Дизелдорф ги совлада „милионерите“ со 2:1. Лубебакио во 22. минута и Цимер во 56. минута „стрелаа“ за 15 тим на табелата во германскиот фудбалски шампионат, стрелец, пак, на единствениот за водечкиот состав во конкуренцијата беше Алкасер во 82. минута.

Триумф на домашен терен забележаа уште Борусија Менхенгладбах над Нирнберг со 2:0, со идентичен резултат заврши и средбата Волфсбург – Штутгарт, победник немаше само во Берлин каде Херта и Аугсбург одиграа 2:2.

Бундеслига, 16 коло

Фортуна Дизелдорф – Борусија Дортмунд 2:1

Борусија Менхенгладбах – Нирнберг 2:0

Волфсбург – Штутгарт 2:0

Херта – Аугсбург 2:2

Среда

Шалке – Баер Леверкузен (18.30 ч.)

Баерн Минхен – Лајпциг (20.30 ч.)

Фрајбург – Хановер (20.30 ч.)

Мајнц – Ајнтрахт Франкфурт (20.30 ч.)

Вердер – Хофенхајм (20.30 ч.)