Browsing: ВЕСТИ

Точката секогаш подразбира можност и за извичник- како во случајот со дебатата Заев- Мицкоски, последната, пред изборите, кога Заев сметаше…

Портпаролката на американскиот Стејт департмент Морган Ортагус синоќа изјави дека САД се разочарани со одлуката на турската Влада за смена на статусот на Света Софија во Истанбул

„Света Софија“ беше најголемата христијанска црква, изградена во шестиот век од Византијците, а во џамија беше претворена по османлиското освојување на Цариград, денешен Истанбул, во 1453 година. Статусот од верски објект во музеј беше променет со указ во 1934 година од тогашниот турски претседател Мустафа Кемал Ататурк

Во изминатите 24 часа, според Министерството за здравство, се направени 1.728 тестирања со позитивни резултати кај 60 лица во Скопје, 29 во Свети Николе, 23 во Гостивар, 17 во Дебар, по 13 во Тетово и во Куманово, 12 во Струга, 10 во Штип, седум во Кичево, по три во Ресен, во Велес и во Битола, по два во Демир Хисар, во Пробиштип и во Прилеп и по еден во Охрид, во Кавадарци, во Струмица, во Крушево, во Берово и во Македонски БродПочинати се 6 лица, четири пациенти од Скопје и два од Гостивар

Вo коментарот на атинскиот весник се оценува дека Грција би сакала да продолжи со поддршката на евроатлантскиот пат на земјата и на нејзините институционални реформи, при што се нуди себеси како важен трговски партнер, под услов Договорот со Преспа да биде поддржан и од новата Влада во Скопје, која би имала активен однос во решавање на големиот број долготрајни разлики

Бојан Јовановски денеска во скопското Јавно обвинителство поднел кривични пријави против повеќе носители на јавни функции, членови на нивните семејства и бизнисмени. Неговиот адвокат Сашо Дуковски рече оти очекува од Обвинителството да отвори предмети по поднесените кривични пријави по документирање на случаите