Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Катимерини“: Северна Македонија решава за својата иднина

0
By Нова ТВ on July 10, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 10, 2020 12:15

По тримесечно одложување поради пандемијата на Ковид-19, во Северна Македонија наредната недела ќе се одржат клучни избори кои ќе покажат дали балканската земја ќе продолжи на својот евроатлантски пат што беше отворен со Договорот од Преспа или ќе се врати кон неизвесноста, што би ги загрозило перспективите на граѓаните, но и односите со Грција, се оценува во коментар на електронското издание на атинскиот весник „Катимерини“.

„Односите меѓу Атина и Скопје значително се подобрија по потпишувањето на Договорот за името во 2018 година. Поранешниот премиер Зоран Заев имаше храброст да се согласи на компромис што донесе значителни придобивки за Северна Македонија. Пред се, земјата страна полноправна членка на НАТО, а се подобрија и шансите за пристапување кон ЕУ, па се чини дека таа е решена да остане на овој пат. Спротивно на ова, опозицијата постојано говори против Договорот од Преспа што ги загрозува повеќекратните придобивки на земјата. Секако, од граѓаните ќе зависи да решат во која насока сакаат да одат и кои ќе бидат приоритетите на нивната земја“, наведува весникот.

„Катимерини“ оценува дека Грција би сакала да продолжи со поддршката на евроатлантскиот пат на земјата и на нејзините институционални реформи, при што се нуди себеси како важен трговски партнер, под услов Договорот со Преспа да биде поддржан и од новата Влада во Скопје, која би имала активен однос во решавање на големиот број долготрајни разлики.

„Грција е природен партнер и сојузник на Северна Македонија. Освен пристапот што и го обезбедува до пристаништето во Солун, Грција претставува и безбедносна бариера и ја штити малата континентална земја од надворешни опасности. Неодамнешните прелети од страна на грчки и американски авиони на небото над земјата беа потсетник за тоа“, се додава во текстот.

Авторот на коментарот потенцира и дека Грција е еден од најголемите поддржувачи на членството на Северна Македонија во ЕУ, што неодамна и го докажала со убедувањето на неколку членки на Унијата да се согласат на почеток на пристапните преговори со земјата.

„Во однос на Договорот од Преспа, Грција доследно го почитува. Тој беше постигнат и потпишан од поранешниот (грчки) премиер Алексис Ципрас, а неговиот наследник Киријакос Мицотакис продолжи да го поддржува и покрај неговите предизборни забелешки“, додава „Катимерини“.

Според весникот, „соседите треба да сфатат“ дека ваквиот став е стратешки избор на грчката страна, која во исто време ги очекува преговорите за членство, кои ќе содржат обврзувачки договори за низа прашања, како што е употребата на трговските марки.

„Во услови кога Северна Македонија оди на избори на 15 јули, можеме само да се надеваме дека гласачите ќе ја избираат евроатлантска иднина и ќе го задржат курсот на институционални реформи, економски просперитет и регионални партнерства и дека нема да ги загрозат досегашните придобивки, туку дополнително ќе го зајакнуваат позитивниот пристап на сојузниците и партнерите од последните неколку години, кои ја оценуваат како фактор на стабилност на Балканот“, заклучува авторот на коментарот во „Катимерини“.

ЕУ Избори 2020 Катимерини коментар Македонија НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.