Browsing: ВЕСТИ

Покрај Митко Чавков утрово приведени се и други лица, меѓу кои, и пратениците Крсто Муковски, Сашо Василевски и Жаклина Стефановска, актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето од Велес, поранешниот директор на ФЗОМ Сашо Стефановски, екс директорот на МОБ Игор Дурловски и други

Овие акции предизвикаа страв кај граѓаните кога во ноќни клубови, кафулиња и кафеани влегуваа десетици специјалци и револт кај угостителите кои реагираат дека ваквиот однос на полицијата им нанесува големи штети врз работењето.

Службената употреба на Албанскиот јазик е основно колективно право на Албанците. Меѓутоа, правото да живеат во земја во која владеењето на правото функционира е нивно основно човеково право

Тоа беше почетокот на голготата која резултираше со затворање на сопственикот на телевизијата, Велија Рамковски, неколку членови на неговото семејство, а седум месеци подоцна и на телевизијата, која како што тогаш се тврдеше, не била цел на нападите

Застанавме едни до други со потпишаниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка, а со денешната владина седница, активиравме уште еден од моторите кој треба да го повлечат целиот регион напред, изјави премиерот Заев