Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владимир Панчевски, „фикс“ на Мицкоски за СЈО, разрешен од судиска функција

0
By Нова ТВ on December 25, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 25, 2019 17:59

Републичкиот Судски совет на денешната седница го разреши од судиската функција поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски. Toj е обвинет и за злоупотреба на службена положба за распределувањето на предметите преку АКМИС системот, но судењето сè уште не е почнато бидејќи неколку пати се одложува.

Основното Јавно Обвинителство во јули месец оваа година,  по прибирање на сите материјални и вербални докази, поднесе Обвинителен предлог против Владимир Панчевски за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик во врска со распределбата на предметите во АКМИС системот. Обвинителството утврди дека во периодот од 23 јануари во 2013 година до 14 септември во 2016 година, обвинетиот како претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје, со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на кривичното  дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, со пречекорување на границите на своето службено овластување. Притоа, обвинетиот потешко ги повредил правата на друг, постапувајќи спротивно на член 6 став 1 алинеја 3, 4 и 15 од Законот за управување со движење на предметите во судовите и на член 7 од Законот за судовите

Панчевски летово беше предложен за прв човек на новото СЈО од лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Зборувајќи на темата, рече дека дел од обвинителите, вклучувајќи ја и главната обвинителка, биле комплетно контаминирани со случајот „Рекет“ и според него, Панчевски беше решение за новоформираното обвинителство или одделение кое ќе ги доведе работите во ред.

Против поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд доби и тужба за мобинг во 2017 година. Како подносител се јави Горан Стаменковски од Одделението за човечки ресурси во Кривичниот суд кој го тужеше Панчевски за прераспоредување на други работни позиции во подолг временски период, го казнувал, а притоа морал да исполни и норма која, како што стоеше во тужбата, не постои во праксата на Судот.

Панчевски, заедно со уште две лица, во 2016 година беше оптужен и од општина Центар за вршење на градежни работи спротивни на основниот проект и дозвола добиени од општината. Истата година против Панчевски беше поднесена и тужба од судијата Иван Џолев, актуелен претседател на Кривичниот суд, поради кривично дело поврзано со влијание врз судија за да преземе одделни незаконити дејствија.

На денешната седница за претседатели на основните судови во Струга и Кавадарци беа избрани Ифет Бајрамовски и Лазар Нанев, кои воедно беа и единствени кандидати. Членовите на Судскиот совет го изгласа и Правилникот за начинот на рангирање на кандидатите за судии од Академијата за судии и јавни обвинители.

На денешната седница беше одложена точката за избор на шест судии на Апелацискиот суд Скопје, тројца судии за кривична област, двајца судии за граѓанска област и еден судија за стопанско-трговска област. Одложувањето на оваа точка е поради немањето координација и согласност меѓу членовите на Советот. Поради обемниот дневен ред истата седница ќе продолжи во понеделник.

Владимир Панчевски разрешување Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.