Browsing: ВЕСТИ

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали пилотот побарал, а не добил дозвола за слетување на скопскиот аеродром, Илиевски рече дека од она што досега знае е дека тој побарал, но потоа го повлекол барањето и најавил дека оди за Софија

-Постигнавме навидум невозможни работи. Верувам дека и ова ќе го постигнеме. Без таа работа не биваат преговори и обврска е на сите. Мора да бидеме одговорни. Катица Јанева и нејзиниот тим во најтешкото време беа искрата надеж за враќање на правната држава и на добар пат сме. Ако се откажам од нешто што е вредно и принципиелно, тоа ќе зборува за мене. СЈО е независно јавно обвинителство кое ја заврши работата и сега продолжува понатаму. Немаме право да се откажеме од него, зашто ќе го унитшиме и другиот дел од јавното обвинителство во државата, рече премиерот.

Под мотото „Заедно напред“, Пендаровски на први април ја почна кампањата од Прилеп. Досега беше во скопските општини Аеродром, Центар, Сопиште и Студеничани, а утре, по средбите со граѓаните на Чашка, Лозово и Свети Николе, ќе одржи централен митинг во Велес.

– Го имате мојот човечки и женски збор. Моето ветување. Нашата женска интуиција дека победата на претседателските избори значи отворање на демократски порти за нова парламентарна коалиција создадена врз основа на предвремени парламентарни избори, нагласи таа.

Шпанскиот генерал Рубен Карлос Гарсиа Серверт вели дека со влезот на Македонија во НАТО „полицајци” за нашето небо ќе бидат нашите поголеми соседи кои имаат борбени авиони – Грција и Бугарија

За првпат еден грчки премиер стапнува на тло на држава која ја признава. За жал на токсичните и нетоксичните националисти овде, Ципрас со посетата го признава постоењето на нашата држава најмалку од АСНОМ па наваму