Browsing: ВЕСТИ

„Уморни сме од ова реторика, преку која премиерот се обидува да даде партиска конотација на иницијативата и со тоа да ја делегетимира. Студентскиот пленум ќе настојува да го врати академското ниво кое се базира на критичност и аналитички пристап, а не на лични дисквалификации и етикетирање“, стои во соопштението.

„Уморни сме од ова реторика, преку која премиерот се обидува да даде партиска конотација на иницијативата и со тоа да ја делегетимира. Студентскиот пленум ќе настојува да го врати академското ниво кое се базира на критичност и аналитички пристап, а не на лични дисквалификации и етикетирање“, стои во соопштението.

Во Македонија нема потреба од герила која им се заканува на новинарите кои умираат под неразјаснети околности или пак се праќаат на превоспитување во затвор. Работата одлично ја врши власта

Норвешка неодамна ги објави најновите дизајни на пасоши и пари, кои очигледно се пријатно изненадување за многу од светските медиуми. И пасошите и парите се елегантни со минималистички дизајни кои зборуваат за природното наследство и убавина на земјата

Што треба да превземат граѓаните, а што институциите во случај на закани од лица кои се веќе осудени, а згора на се поседуваат и оружје. Долгиот пат до правдата овој пат низ призмата на случај со педофил кој што одлежува затворска казна, а постојано се заканува на семејството на девојчето кое пред пет години беше жртва на педофилот

Ниедно друго случување во светот на фудбалот не е ни блиску до „невремето“ кое владее во ФИФА, Асоцијација која важи за непрофитна. Од 2010 година, ФИФА се најде затрупана во лавина наводи за корупција, особено по одлуките за доделување на организатор на светските првенства во 2018 и 2022 на Русија и Катар

Додека Прага и Будимпешта протестираа против доближувањето на нивните влади до Русија, новиот романски претседател Клаус Јоханис изјави дека унгарското свртување кон Русија не е насоката кон која тој сака да ја води Романија: “Мојата насока е Западот”

СПУКИМ немаше време да разговара со нас, велат организаторите на студентскиот протест Сара Миленковска и Стефан Видиков кои за НОВА ги образложуваат нивните барања и начинот на нивното дејствување преку неформалното студентско движење “Студентска платформа”

Седумнаесетти ноември 1989 година е денот на Кадифената револуција која ја почнаа чешките и словачките студенти и која донесе демократија и слобода во тогашната Чехословачка. Таа траеше повеќе денови а на улица излегоа 800.000 луѓе.

Го чекам тој ден кога целата оваа мизерност околу индискиов хоштаплер ќе се прелие меѓу нивните редови, па ќе почнат да се забораваат меѓу себе, дека воопшто, некогаш се познавале, дека било кога зависеле еден од друг, дека си биле поважни од брат, мајка, љубовница