Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: ВЕСТИ
Извршниот директор на организацијата „Репортери без граници“ во германската секција – Кристијан Мир, во интервју за НОВА зборува за притисоците врз медиумите во Македонија, за пресудата од 4 ипол години – затвор за новинарот Томислав Кежаровски кој на 24 месецов го чека одлука од Апелацијата, како и за медиумската состојба како важен момент за членство на земјата во ЕУ
Немирите што почнаа вчера на фудбалскиот натпревар помеѓу Србија и Албанија во Белград, прераснаа во конфликти помеѓу навивачите од Тирана до Виена
Европратеникот Иво Вајгл по именувањето на функцијата Известувач на ЕП за Македонија во неговото прво интервју зборува за предизвиците кои стојат пред негоиот мандат
Македонија веќе нема време за губење, порачува евроамбасадорот на ЕУ во земјава, Аиво Орав два дена по извештајот за напредокот на земјава во ексклузивно интервју за ТВ магазинот Еврозум
Сергеи Станишев, копретседател на мешовитиот комитет на ЕП и Собранието, во интервју за НОВА ги коментира бугарско македонските односи, перспективите на Македонија во ЕУ, состојбите во Бугарија по изборите и ставот кон Јужниот тек
Министерството за одбрана на Русија работи на проект за создавање на неколку резервни армии кои се предлага да бидат формирани во најскоро време, пишува московскиот весник „Известија”, повикувајќи се на заменик-претседателот на парламентарната комисија за одбрана Франц Клинцевич
Шест лица загинаа во циклонот Худхуд соопштуваат индиските власти. Бурата, која предизвика одронување на источниот брег на Индија, исто така предизвика и откорнати дрва и столбови за електрична инсталација
Самопрогласената Доњецка народна република (ДНР) во согласност со Луганска народна република од денеска воведува „Режим на тишина”. Ова за руските и украински медиуми го изјави премиерот на ДНР Александар Захарченко
Земјотресот, кој се случил во 11:36 часот по локално време, бил со епицентар во префектурата Аомори, на длабочина од десет километри под површината на земјата
Портпаролот на еврокомесарот Штефан Филе во интервју за НОВА, ги објаснува забелешките во Извештајот за напредокот на Македонија, одговорноста на политичките лидери во државата, како и потребата од итна акција за справување со проблемите во земјава
– Вашите соседи веќе го фатија брзиот воз. Тие се движат, а следната станица е месец декември. Има шанси вашата земја да им се придружи исто така, вели претставникот на ЕУ во Македонија Аиво Орав, додавајќи дека проблемите во земјата мора итно да се решаваат
Во Македонија институциите се тие што не ги почитуваат човековите права на ризичните категории граѓани. Во болниците зависниците од дрога се изолираат во посебни соби, обележани со жолти ленти на вратите. Ваквата ситуација државата ја вбројува во една од најконзервативните и нетолерантни земји во Европа.