Browsing: ВЕСТИ

Зошто Кинезите не паѓаат, ако Земјата е во вид на глобус? Да не имаат случајно прицврстени магнети на чевлите, прашува ова Друштво. Докази? Еден од нив е логото на Обединетите нации, фотографија која го покажува дискот за кој ви говорат. Мотиви? НАСА ја чини помалку да излажира патувања во вселената, отколку да ги реализира, а се во функција да се манифестира моќта на Америка

Какви се искуствата во ЕУ за слободното движење на луѓето и можноста да најдат работа во други земји од нивните татковини? Истражувањата во Македонија покажуваат дека над половина од младите сакаат да работат во некоја членка на ЕУ

Водечките кандидати за нов генерален секретар на Обединетите нации се жени кои доаѓаат од Бугарија, но прашањето е која од нив ќе ја добие номинацијата од бугарската влада, а тоа веќе на големо се дискутира во Софија, пишува „Економист“

Лустрираниот судија Трендафил Ивановски кој ја доби правдата во Стразбур токму за случајот за кој беше лустриран, говори зошто Стразбуршкиот суд смета дека Груевски е директно нарачател на лустрација, за проблемите со кои ќе се соочи Јанева од власта, за тоа како Уставниот суд може лесно да продуцира нова политичка криза после што Ивановски вели дека ќе следат нови и пожестоки немири

Во исто време, нашата интенција беше да ја поттикнеме јавноста низ поинаква призма, критичка пред се, но со доза на хумор, да ги согледува, дигестира и прима сите вести, состојби и јавни личности, без разлика дали се власт или опозиција, затоа што нема наши и ваши, затоа што тие времиња мора да завршат

За тоа како во МВР се вработуваат партиски кадри, за својата голготата во очекување на работа пред портите на ова Министерство во ПРОЦЕС, зборува Ристе Самарџиев, единствениот дипломиран полициски офицер на Високото државно училиште во Париз.

Знаете веќе како се вели: Ако оди како Никола Груевски, ако изгледа како Никола Груевски и говори како Никола Груевски, тоа мора да е Емил Груевски. Или Никола Димитриев. Но, секако не е Емил Димитриев

Откако исламски терористи почнаа да шират страв низ светот се постави прашањето дали можат и да ги загрозат цивилизациските вредности. Според експертите, уставните општества имаат вродена моќ што ја прават оваа задача на екстремистите залудна. Дали Македонија е имуна на ваквите влијанија?

Труењето на поранешниот офицер на КГБ, Александар Литвиненко, најверојатно е одобрено од претседателот на Русија, Владимир Путин, се вели во извештајот на независната британска истрага предводена од пензионираниот судија Роберт Овен

Граѓаните очекуваат подготвеност и решителност од политичарите и политичките партии за да носат храбри одлуки во интерес на земјата и затоа ова беше единствената правна одлука во овие пресудни денови, вели Ахмети, во врска со синоќешниот состоанок на ЦО на СДСМ

Министерството за правда на Романија планира да го укине Законот со итен указ, бидејќи од 2013 година кога е донесен, досега, во затворите се напишани 411 вакви трудови. Од ваквата „затворска литература“ се офајдиле и многу универзитетски професори кои издаваат сертификати за научната вредност на затворските дела