Browsing: ВЕСТИ

Со прогласувањето на кризна состојба на северната и јужната границ,а ситуацијата стана крајно драматична и тензична. Зошто владината одлука доаѓа токму сега, дали се работи за заштита на безбедноста на државата, за притисок кон ЕУ за нова финансиска помош или да се одвлече вниманието од сопствената политичка криза? Какви може да бидат последиците? На оваа тема дебатираат Мерсиха Смаиловиќ од невладината „Легис“ и Трпе Стојановски професор на Факултетот за безбедност

Грците на рефередум гласаа во огромно мнозинство против мерките за штедење кои ги налага ЕУ. Ова грчко ОХИ беше и глас против самата Европа и еврото, Ден по рефередумот соочени со сурова социо екононмска реалност Грците го сменија мислењето. Што им е на Грците и што навистина сакаат?

Искуството со грандиозно-болниот проект на Скопје 2014 покажа само едно: и да му стават на секој граѓанин (за по некој исклучок подолу во текстот: види Буковски) по едно панорамско тркало на грбот, ќе го носи, нишајќи се и тетуравејќи се, гордо својот крст. Таа вистина за овој народ ја имаше на ум Груевски сите овие години

20 години од операцијата „Бура“ која почна со напад на хрватската армија во Книн врз војската на Српска Краина. Во Хрватска Денот на победата се одбележува со воена парада во Загреб. Во Србија пак со парастос за убиените и за прогонот на околу 200 илјади Срби од Хрватска

НОВА ја анализира анти-корупциската политика во Германија: Соговорници ни се високи претставници на Министерството за внатрешни, Обвинителството, новинарски истражувачи- кои се контролните механизми да не се злоупотребуваат моќта и високите функции

Новопронајдениот остаток може да ја помести потрагата кон север. Морските струења укажуваат дека појдовната локација на пронајдениот дел не се наоѓа во јужниот дел пред австралискиот брег. Имајќи ги во предвид струењата, може да кажеме дека е поверојатно пронајдениот дел да доаѓа од регионот на Индонезија или дури од северна Австралија

Мето Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора и Александар Митевски, потпретседател на ОМД, во Студио на НОВА, разговараат за актуелното прашање во јавноста, дали дијаспората воопшто треба да гласа, можниот нов модел по кој би гласале, и кој е придонесот на пратениците од дијаспората