Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта „за“, ВМРО ДПМНЕ не се изјаснува – ЕУ со кампања за гласање

0
By Нова ТВ on August 30, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 30, 2018 09:12

Огромен процент од граѓаните ќе се изјаснат „За“ на претстојниот референдум, и впрочем и дури и тие што се против, се со мали минорни бројки и тоа е дел од таа кампања што постои во Македонија, предводена од „Бојкотирам“, изјави премиерот Зоран Заев по формалното отворање на кампањата на ЕУ „Замисли иднина заедно!“.

Премиерот е уверен и дека бројките ќе растат, а изрази и надеж оти опозицијата ќе биде позитивна заради тоа што, посочи, и таа е за Европската унија и за НАТО.

– Ги знам и ги разбирам нивните несогласувања со договорот со Грција, но истовремено уште еднаш уверувам дека ако оставевме на времето никој не гарантира дека ќе постигневме подобар договор, а договорот е фер и праведен, рече Заев.

Потсети дека договорот ја гарантира европската иднина на земјата, го потврдува македонскиот идентитет, македонскиот јазик, химна, знаме, грб и, како што кажа, сето она што се наши атрибути како земја, како држава, како народ, сета наша мултиетничност и различност.

Најголемата и најважната кампања на ЕУ досега

– На 30 септември ќе имате уникатна можност да ја обликувате иднината на оваа земја. Пораката која ја испраќаме е дека ние цврсто ги охрабруваме сите да си донесат свое мислење за содржината на Договорот. Важно е да се извршува тоа демократско право и да се даде гласот. Тоа е можност која се добива еднаш во животот да се одлучи за ова многу важно прашање, истакна директорот на Директоратот за проширување и соседска политика на Европската комисија, Кристијан Даниелсон на прес-конференција во ЕУ Инфо центарот.

Патот кон напред за оваа земја, посочи, е јасен, води кон членство во ЕУ.

Европските вредности и придобивките од членството во Европската унија, во пресрет на референдумот за името, ќе бидат дел од кампањата на мисијата на ЕУ во Македонија. Кампањата започнува од денеска, а евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар, ја нарече најголемата и најважната која Европската Унија до сега ја водела.

Власта се групираше, ВМРО ДПМНЕ не се изјаснува

Пратеничката група на ВМРО-ДМПНЕ, пак, вчера испратила известување до претседателот на Собранието Талат Џафери во кое посочува дека одлуките на Владата за пренамена на средства од буџетите на определени институции, како и дополнителните префрлања од владини институции на Собранието на Република Македонија за финансирање кампањи е своеволна и не е од интерес на граѓаните на РМ.

– Без разлика на тоа каков би бил ставот кој се рекламира, цениме дека тие средства треба да бидат наменети за реализација на проекти од кои има реален интерес, велат пратениците од опозициската партија.

Во соопштение, пак, што го испрати до медиумите ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе ги донираат средствата кои им следуваат за кампања за референдумот.

 – ВМРО-ДПМНЕ средствата за кампања кои не следуваат ќе ги донира, очекуваме тоа да го направат сите политички субјекти. Наместо промоција на штетни договори кои и носат само штета на државата, да направиме нешто полезно за општеството и граѓаните, стои во соопштението од партијата.

Во понеделникот од кабинетот на Џафери информираа дека пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ДПА, Алијансата на Албанците, Беса, како и двајца независни пратеници или 71 пратеник, до него испратиле допис со кој го информираат дека нивните пратеници активно ќе учествуваат во јавната кампања за референдумот и дека се изјаснуваат „за“ референдумското прашање.

Лидерите на политичките партии кои даваат поддршка на референдумот на 30 септември и процесите кои се во насока на полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО, пак, синоќа на иницијатива на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев одржаа средба.

Триесеттина политички субјекти се обединија во повикот до граѓаните за позитивен исход на референдумот и за евро-атлантска иднина на Македонија, преку прифаќање на неколку заеднички принципи. Политичките партии се согласија да ги повикаат граѓаните да излезат и да гласаат „за“ на престојниот референдум, што ќе се одржи на 30 септември, соопштија од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Според последната анкета што ја објави Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во пресрет на референдумот на 30 септември, мнозинството македонски граѓани сакаат да се реши спорот за името со Грција и Македонија да стане членка на Европската Унија и на НАТО.

Вкупно 57 проценти од анкетираните, од кои 37 отсто „целосно“, а 20 проценти „донекаде“ го поддржуваат предлогот Македонија да се зачлени во ЕУ и НАТО под новото име „Република Северна Македонија“. Истиот број (57 проценти) веруваат дека придобивките од членството го оправдуваат прифаќањето на новото име. Половина од анкетираните (49 проценти) имаат намера да гласаат за решавање на спорот за името, споредено со 22 проценти, кои ќе гласаат против предложената промена.

ЕУ кампања референдум СДСМ; ВМРО ДПМНЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.