Browsing: ВЕСТИ

Ваквата одлука, на местото каде што беше искршена гласачката кутија, ДИК ја донесе со образложение дека резултатите од тоа избирачко место не одлучуваат за вкупните резултати од претседателските избори кои се одржаа на 13. април

Австрискиот весник „Ди пресе“ под наслов: „Македонија: каде се бројат и мртвите души“, констатира дека „изборната увертира им успеа на македонските властодршци“ и оценува: „Победникот на изборите Ѓорге Иванов се потпира врз спорен избирачки список

Продолжуваме со беспоштедна и одлучна битка за да кажеме не на сиромаштијата, на поделбите, на нетрпеливоста, на уцените и притисоците, вели Рената Дескоска, носител на листа на СДСМ и коалициските партнери во изборната единица 1

„Успешен бојкот беше тој во 2009. година кога ДПА го бојкотираше “таткото” на Али Ахмети,Ѓорге Иванов и ние успеавме од Сарај-скопско до Речане-гостиварско “таткото” на Али Ахмети да добие 1.7% гласови”, рече Тачи

За жал на овие избори во Крива Паланка имаше се, но фер и демократски избори НЕ!Ова се само дел од изборните нерегуларности во Крива Паланка за кои сметаме дека јавноста треба да биде запознаена, а надлежните институции да постапат според законската регулатива

Непринципиелната кампања што се водеше против нас се покажа како неуспешна. Ме напаѓаа без аргументи, со етикети, непристојно. Но големината е да одговараме на такви коментари. Тоа говори за нив, не за нас, рече Иванов во Охрид

Дебата на Рамадан Рамадани и Никола Гелевски, аналитичари: “Без попис, ниту едни избори не се демократски ниту ја покажуваат вистинската избирачка волја, се е во рацете на власта и граѓаните се плашат но и се корумпирани на разни начини. Албанските партии помагаат во победата на власта”

Различните податоци за бројот на запишани гласачи во избирачките списоци на Државната изборна комисија (ДИК) и Општинската изборна комисија (ОИК) од Битола, внесоа забуна како кај граѓаните, така и кај новинарските екипи кои ги следеа вчерашните избори за претседател на Република Македонија