Browsing: ВЕСТИ

Пет приоритети во борбата за правата на жените: борба против стеротипите, превенција и борба против насилството врз жените, треба да гарантираат еднаков пристап до правдата за жените и маќите, да обезбедат рамноправно учество на жените и мажите во јавниот живот и одлучувањето и во сите политики и мерки да ја интергираат еднаквоста помеѓу двата пола.

Заев мора да дозволи досиејата да бидат откриени, сите оние досиеја кои се сведоштво за угнетување, прогони, репресии, тиранија на оваа власт, еднакво како што тоа го стори Германија, со откривањето на сите досиеја, преку кои биле уништени милиони животи, да бидат отворени за истражувачите, историчарите и новинарите. Затоа што нивното уништување би значело бришење и палење на историјата, потег кој ниту еден современ политички лидер не би го дозволил

Екс-потсекретарот за државна безбедност, Слободан Богоевски во интервју за НОВА: Дали шпионирале и прислушкувале странски служби или се е дело на Груевски и Мијалков, кој го снимал разговорот Заев- Груевски, што може да очекуваат Заев и неговите партиски луѓе од власта, какви материјали за Груевски и неговите луѓе ќе објави Богоевски после падот на оваа власт.

Бесперспективноста и сиромаштијата се главните причини поради кои илјадници луѓе од Балканот си ја бараат егзистенцијата на Запад. Некои легално, некои илегално. Западните земји ги одбиваат барањата за азил, но исселеничкиот бран не стивнува

Четири медиуми од Белгија и Франција вчера отворија интернет сајт под име “Sourcesûre” (Безбеден извор) кој на анонимни интернет корисници ќе им дозволи да бидат во контакт со овие четири медиуми на најбезбеден начин и да им испратат документи или тајни информации за да се откријат нелегални или сомнителни акти.

Дебата помеѓу лидерот на НСДП, Тито Петковски и проф. Владимир Пивоваров: Зошто власта не спроведува истрага, а тврди дека прислушкувањето е дел на странски служби, кој би бил навистина мета на странците, дали би ги интересирале 20.000 луѓе, зошто Јанкуловска како министерка за внатрешни дозволила да биде прислушкувана и од кого, како власта ќе и возврати на опозицијата?

Со прогласување на автономна зона, илјадници студенти денеска ги напуштија предавањата и ги окупираа сите факултети на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во знак на револт кон владините реформи во високо образование и со барање на нов закон кој дирекно ќе ги вклучи и студентите во изготвување.

Во телефонски разговор за НОВА Владиката Тимотеј од МПЦ кој воедно е и гласноговорник на Синодот вели дека биле изненадени од конференцијата на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој помеѓу другото, изјави дека прислушувани биле и МПЦ и ИВЗ. Не знаеле дали е ова вистина или не, но не разбирале зошто би тие би биле прислушувани

Почина 9-годишната Тамара. И покрај притисоците од јавноста, институциите не успеаја да се договорат и девојчето да замине на операција во странство, бидејќи нејзината здравствена состојба постојано се влошуваше

Секој ден стотици, дури и илјадници, Косовари бегаат од земјата.Од декември бројките на овој нов егзодус постојано растат. Кандидатите за напуштање на земјата минуваат преку југот на Србија и илегално влегуваат во Унгарија. Новинарите на «Зери» Лавдим Хамиди и Албан Селими го следеа патот по кој од Косово си заминуваат млади луѓе и цели семејства.

Евтини приказни: Забраната на Обвинителството да се објавуваат материјали од случајот “Пуч” за кои лидерот на опозицијата Заев е осомничен, е залудно потрошено време. Да дојдеше тогаш премиерот, ќе знаеше

Кој навистина ја доби спортската сала во Аеородром на 35 години концесија. Ова истражување открива дека сопственикот на компанијата концесионер била фирма со тајно сопствеништво во карипската држава Белизе каде што дели иста адреса со медиуми и градежни компании поврзани со локални моќници од Македонија.