Browsing: ВЕСТИ
Од Тамара, Фросина и уште којзнае колку илјадници во оваа држава изгубени деца, како и од нивните родители никој никогаш не се плашел. Никој не стравувал дека заради нив ќе им умрат децата, дека ќе загинат во случајна сообраќајка, дека ќе ја изгубат фамилијата, работата, куќата, дека ќе ги снема, затоа што и ги немало
Дебата на новинарот Назим Рашиди и политикологот Башким Бакиу: Која ќе биде идната улога на ДУИ, какви се шансите на Али Ахмети да опстане како лидер во оваа партија, зошто дел од гласачкото албанско тело е расположено да се приклучи кон македонската опозиција
Бегање од војни и мизерија и потрага по подобар живот. Илјадници луѓе само со она најпотребното тргнаа преку Медитеранот и Балканот кон богатата Европа. Некои велат дека станува збор за привремена појава, некои пак за промена на европската демографска слика
Како одговор на бегалската криза, Унгарија се подготвува да усвои закон според кој илегалното минување на границата ќе се третира како криминал. Критики доаѓаат и од дома и од надвор.
На глобално ниво, до крајот на 2014 година, бројот на луѓе кои поради воените конфликти, протерувањата, или поради прекршување на човековите права биле приморани да ги напуштат своите домови, изнесува 59.5 милиони
Унгарскиот премиер, не ги прифаќа квотите како решение, стои на ставот дека бегалците не се негов проблем туку главно на Германија. Тој е дециден дека квотите околу кои се преговара во ЕУ, не е правиот одговор, бидејќи тоа претставувало покана за мигрантите. „Ве молиме не доаѓајте“ е пораката која тој ја праќа
По објавувањето на фотографијата од 3-годишниот Ајлан Курди, голема број на политичари и невладини организации побарале од Камерон да преземе поголеми мерки за мигрантите кои ги напуштаат своите домови од земјите каде што има воени жаришта
Интервју со поранешниот претседател на Антикорупциска комисија и еден од адвокатите на Заев за случајот “Пуч”, Драган Малиновски: По одлуката на Судот да ги прогласи за незаконски прибавени овие материјали, говори за прислушуваните материјали, кои и не е неопходно да бидат земени како докази, како и за последиците од оваа одлука- дали со неа се поништува договорот од Пржино и специјалниот јавен обвинител?
Заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска и професор Горан Јанев, говорат за причините за раскинување на коалицијата „Граѓаните за Македонија“, з начинот на специјалниот јавен обвинител како треба да дејствува во услови кога судставото е во рацете на власта и за сите форми за натамошна соработка партиска опозиција – невладини и граѓанство
Вчера вечер во Виена 20.000 жители на овој град излегоа на улиците. Додека колоната се движела низ улиците граѓаните застанувале и со силен аплауз го поздравиле настанот додека полицајците задолжени за обезбедувањето во знак на почит кон демонстрантите ги симнале своите шлемови.
Шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус изјави дека е «скандализиран од однесувањето на некои источно-европски земји кон бегалската криза и особено од Унгарија».
«Сметам дека е скандaлозно тоа што одреден број земји во Европа не ги прифакаат бегалците» додавaјќи дека тие земји се наоѓаат пред се на истокот на Европа.
Груевски, со слични спортски амбиции и политички соништа како “Последниот Крал на Шкотска” (како што се самопрогласил), боксерскиот маг Иди Амин, се што стори за нас е- два гола забиени во мрежата на фудбалската екипа на европските лидери, како достоен претставник на балканската екипа на лидери, чии предци низ вековите со малку пот и многу крв ги водеа сопствените народи, затоа што само така знаеја и умееја
