Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Монструм: Родителите бараат транскрипти и соочување со Заев

0
By Нова ТВ on April 17, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 17, 2018 12:14

Горан Наќевски, татко на Александар Наќевски, едно од убиените момчиња кај Смилковското езеро во 2012 година, на денешното рочиште за случајот „Монструм“, побара од судот стражарно да го приведе премиерот Зоран Заев, затоа што како тогашен опозиционер и политички противник на ДУИ им изнел конкретни докази за вмешаност на функционери од оваа партија во петкратното убиство.

Таткото, на денешното рочиште, под морална и кривична одговорност побара да даде изјава пред судот, што му беше дозволено од судијата Огнен Ставрев.

Во изјавата тој го обвини Заев дека откако е во коалиција со ДУИ тој манипулира со доказите за овој случај.

„Кога бевме кај Заев рече дека ќе ни даде 6 разговори – државна тајна за 6 функционери на ДУИ. Но, подоцна тие станаа 5. ДУИ тогаш беше нивен противник. Заев ни ги покажа транскриптите, ни го посочи Невзат Бејта и ни покажа транскрипт од разговор меѓу Бејта и обвинетиот Фејзи Азири. Не го исполни ветувањето, од политички причини не ни ги даде тие 5 државни тајни“, рече Наќевски.

Тој од име на сите родители, побара да биде извршен претрес во седиштето на СДСМ.

„Тврдам дека тие транскрипти се таму. Бараме да не соочите со премиерот Заев, дека не лажеме и не измислуваме. Стражарно приведете го, ќе го почекаме“, рече Наќевски.

Судот не се изјасни за барањата на родителите на четирите убиени момчиња кај Смилковско езеро.

Пред судот се обрати и мајката на Александар Наќевски, Зорица Наќевска која побара од судот и обвинителството да ја утврдат вистината.

„Судот и обвинителството да ги утврдат улогите на обвинетите, дали се извршители или помагачи. Бараме и да се декодираат броевите кои во пресудата се заведени како државна тајна, а се на функционери од ДУИ“, рече Наќевска.

Таа побара и да се октријат нн сторителите кои биле посочени од заштитениот сведок но не биле вклучени во истрагата бидејќи биле недостапни за органите на прогонот.

Мајката на Александар прочита и транскрипт од разговор кој наводно се водел помеѓу обвинетиот Азири и едно од непознатите лица.

„Вечерва сонував еден многу лош сон како му ги врзав рацете на момчето, па плачев, па сега си велам да не се израдувам да не не го довршив тој никаквец“.

Таа од судот си го побара и мобилниот телефон на својот син кој за нив како што рече, бил многу вреден.

– Децата ни ги убија во четврток вечерта, во петок ни ги донесоа, а нивните очи беа отворени. Се до саботата, додека да ги погребаме им течеа солзи. Сите тие што го извршија грозоморниот чин да се плашат од тие солзи, заврши Зорица Наќевска.

Рочиштето за случајот „Монструм“ прво откако го презеде СЈО, денеска на самиот почеток веднаш беше прекинато и одложено за 15 мај, поради отсуство на обвинетиот Фејзи Азири кој бил хоспитализиран на пулмологија.

Обвинителката Фатиме Фетаи реагираше поради одложувањето на рочиштето. Според неа, несериозно е отсуството на обвинетиот да се правда само со еден документ дека е во болница. Судијата рече дека ќе побара целосна болничка документација за Азири.

„Ви ветувам одиме до крај, брзо ќе дојдеме до вистината. Од вас барам само да ми помогнете и да бидете уште малку трпеливи“, им рече судијата Ставрев на револтираните родители.

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи по завршувањето на денешното рочиште даде куса за изјава за медиумите и рече дека СЈО ќе стори се за да се дознае вистината за петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Фото: МИА

-Едно можам да кажам, дека ќе ги искористиме сите ресурси и човечки и технички за да ја утврдиме вистината, рече Фетаи.

Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

За петкратното убиство беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници

барања Зоран Заев Монструм претрес приведување револт родители Суд судење транскрипти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.