Browsing: ЕКОНОМИЈА

Дел од средствата (околу 90 милиони евра) ќе се наменат за нов проект за брзо дејствување против ковид-19, а останатите 50 милиони евра за мерката за „финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен“ за работодавачи и самостојни вршители на дејност

Растот во земјата за оваа година, според Според Регионалниот економски извештај на организацијата, се прогнозира да биде меѓу -1,4 и -3,2 проценти. Со документот се опфатени и останатите пет држави на Западен Балкан за кои се предвидува негативен раст меѓу -3 и -5,6 проценти

Акциите на холандската компанија „Филипс“ на денешното утринско тргување пораснаа за 2,7 отсто, додека на францускиот конгломерат „Вивенди“ за 4,5 отсто. Паневропскиот STOKS 600 индекс, утрово во 7:01, забележа скок за 0,4 отсто, откако во петокот беше „заклучен“ со највисок двонеделен процентен раст од 2015 година, пренесува агенцијата „Ројтерс“

Според економистите – со почетокот на април започнува и војната на економијата против коронавирусот во анализата на portalb.mk. Сите се едногласни дека се потребни итни и применливи мерки за амортизирање на ударот. Јасно е дека во периодот што претстои граѓаните и компаниите ќе се соочат со нарушена ликвидност – неможност навреме да ги плаќаат кредитите, сметките за комуналии, ќе се намали јавната потрошувачка, а тоа ќе се рефлектира директно во економијата