Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска: Мерката 14.500 денари по вработен веќе враќа отпуштени лица на работа

0
By Нова ТВ on May 9, 2020 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 9, 2020 12:28

Владината мерката за 14.500 денари по вработен како финансиска поддршка е добро дизајнирана и за неа се имаат пријавено околу 24.000 компании  и околу 6.000 самостојни вршители на дејност. Во синоќешното гостување на ТВ 24, министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека е задоволна од одѕивот на компаниите, како и дека има податоци дека изминатите неколку дека работодавачите вратиле околу 500 работени на работа за да ја користат мерката.

Ангеловска, како што соопштуваат од Министерството за финансии, рече дека одѕивот на фирмите е голем, а за колку работници станува збор, ќе се види кога компаниите ќе го пополнат МПИН образецот. Во однос на компаниите од погодените индустрии, како угостителство и туризам, Ангеловска рече дека најголем број од регистрираните фирми од оваа дејност се пријавени.

„Во секторот угостителство и туризам се регистрирани вкупно 4.400 субјекти во државата, значи ако ги земете бројките од пријавените од овие сектори, најголем број се пријавиле за користење на мерката. Интересот на компанииите за мерката покажува дека таа била добро дизјанирана, дека компаниите се задоволни и заинтересирани да аплицираат. Ќе видиме точно колку работни места ќе поддржи мерката, кога ќе ги пополнат МПИН образците, но ни дава за право да кажеме дека ќе бидат заштитени голем број на работни места, што беше и целта на мерката. Ние очекувавме и калкулиравме дека мерката ќе заштити околу 200.000 работни места, рече Ангеловска.

Во однос на промените на уредбата, Ангеловска рече дека имало флексибилност и дијалог за сите засегнати страни да бидат задоволни. Таа посочи дека никогаш не се поддржувало отпуштање работници, туку во интерес на работниците требало да се ограничи намалувањето на бројот и на определено и неопределено време, додека во сите други земји за вакви слични мерки се ограничува бројот на испуштени работници само на неопределено време.  

„Во последната уредба се само транспонирани точките од Законот за работни односи. Единствената промена беше земање на месец април, додека дадовме и можност оние компании кои што испуштиле дел од работниците, го намалиле бројот на вработени да можат да ги вратат до 7 мај, се со цел за да ги заштитиме и тие работни места. Околу 500 вработени кои биоле одјавени, до вчера се вратени на работните места. Ниедна држава нема интерес да се отпуштаат вработени, која држава би сакала да има поголема стапка на невработеност. Ние се трудиме да ги задржиме луѓето продуктивни на работните места затоа што подобро е да бидат на работните места за кога ќе почне фазата на обнова таа компанија побрзо да се опорави отколку да кажеме дека ќе ги згрижи системот“, рече Ангеловска.

економија мерка Нина Ангеловска работници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.