Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: КУЛТУРА
Главната награда “Златна мечка” на 64-тиот Берлински филмски фестивал ја добие крим драмата “Црн јаглен, тенок мраз” на кинескиот режисер Дао Jинан
Џуди Денч, Сандра Булок, Том Хенкс и Леонардо ди Каприо ќе бидат меѓу ѕвездите на црвениот тепих вечерва, на церемонијата на престижните БАФТА филмски награди во Лондон
Глумицата Елен Пејџ, ѕвездата на “Juno” и “Inception” и официјално излезе од плакарот за време на настанот кој се одржа во Лас Вегас во кампања за човековите права
“Денот на вљубените” на Дејвид Боуви кружи низ социјалните мрежи низ светот, како најдобар начин за славење на Валентајн
Во 56-та година почина Ѓорѓи Ѓорѓиевски- Џокер, филмски работник, кој во својата кариера која започнува од 80-те години има работено со Питер Устинов, Бранко Лустиг, Столе Попов, Милчо Манчевски, Горјан Тозија
По повод премиерата на филмот “Монтевидео, се гледаме”, синоќа во киното Синеплекс во Скопје престојуваше еден дел од екипата која учествуваше во снимањето на филмот. Тука беа режисерот Драган Бјелогрлиќ и дел од актерската екипа
Во четврток, во Менада во 20:30 часот ќе се одржи промоција на една од ретките книги-хибриди од литература за самопомош, позитивна психологија и филозофија „Среќата е глагол – како мириса цутот на животот во Вас?“ од 23-годишниот Стефан Марковски
Програмата на општина Крушево содржи конкретни, квалитетни и разновидни културни содржини, а е збогатена и со традиционални фестивали и манифестации кои ќе бидат реализирани под еден белег „Град на културата 2014“
Случајот „Гурлит“ неодамна откри 60 парчиња на украдени уметнички дела од страна на нацистите скриени во куќа во Австрија, која е во сопственост на 80-годишниот германски државјанин Гурлит кој побегнал во Салцзбурк во 2011 година за да избегне конфискација од страна на властите.
Вчера, во рамките на Интернационалниот Филмски Фестивал во Берлин играниот филм „Соба со пијано“ на Игор Иванов, во продукција на Скопје Филм Студио, беше прикажан на Европскиот Филмски Маркет
Поранешната славна холивудска детска ѕвезда Ширли Темпл почина на возраст од 85 години. Актерката стана славна како девојче во 1930 година во филмовите како Bright Eyes, Stand Up and Cheer и Curly Top
Претставата „Аферата Елсинор“ во режија и текст од Љубиша Георгиевски премиерно ќе биде изведена задутре во новиот објект на Македонскиот народен театар