Browsing: ПОЛИТИКА

Денеска на дневен ред на 85. седница на Собранието се ставени 100 нови закони кои треба да се донесат по скратена постапка предложени од Владата. На дневен ред на седницата се и финансиските извештаи на Македонската радио телевизија за 2014 година

ВМРО-ДПМНЕ го објави логото на партијата за престојната конвенција на која ќе се избира кандидат за претседатеската трка во април, кое ќе гласи „Изборот е Македонија“

Шилегов за НОВА: Во штабот имало 30 младинци од подмладокот на СДСМ, никој не е повреден. Оштетени се пет возила. Трагично е ваков инциндент да се случи во центарот на Скопје. Бараме МВР да делува енергично и да ги пронајде виновниците

Македонија нема да добива пари од „Глобал фонд“ за превенција од СИДА и ТБЦ по завршувањето на грантот во 2016-та година, по што невладините организации треба да бараат странски донации, доколку згасне превенција постои опасноста од ширење на болестите, предупредуваат од НВО

Преку нов мултиплатформски систем материјалите за владините седници ќе се обработуваат поефикасно и побрзо, со што ќе се зголеми транспаретноста и ќе се намалат трошоците, најавија денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски

– Секогаш бевме во првите редови за заложбите на партијата, но кога нам ни е потребна помош, раководството на ДПМНЕ го нема никаде. Многу години сме без работа и егзистенција, велат незадоволните членови на веќе за нив поранешната ВМРО-ДПМНЕ

Македонската фудбалска репрезентација се најде во групата Ц заедно со селекциите на Шпанија, Украина, Словачка, Белорусија и Луксембург за квалификациите за Европското првенство во Франција во 2016 година

Повеќемина интелектуалци, академици, професори, лекари, свештени лица, уметници и спортисти се потпишале на иницијатива, со која се бара повторен избор на Ѓорге Иванов за претседател на Република Македонија и која ќе биде упатена до конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, објави во саботата телевизијата „Канал 5“

Aктивностите за изградба на автопатот почнаа денеска со поставување камен-темелник кај кичевското село „Извор“, во присуство на премиерот Никола Груевски, министри, амбасадори, градоначалници, јави МИА. На оваа вест реагираше СДСМ.