Browsing: ПОЛИТИКА

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во континуитет изминатите години работи во интерес на граѓаните и тоа не го прави непосредно пред избори, како СДСМ, велат од владеачката партија.
На ова СДСМ одговара: дали ВМРО-ДПМНЕ смета дека нивниот министер за финансии и вицепремиер Зоран Ставревски ја манипулира јавноста со предизборниот финансиски извештај?

Официјалниот предизборен финансиски извештај на Министерството за финансии открива дека секој работен ден, граѓаните и фирмите во Македонија плаќаат глоби во висина ОД 47.000 евра, вели СДСМ.

Само 0.002 проценти од буџетот годинава ќе одат за науката, но и покрај скромните средства, министерствоот за образовцание наместо на факултетите лаборатории и дарува на полицијата. Како скапата опрема за следење завршила во МВР наместо на факултетот за безбедност?

Новата автопатска делница која ќе биде долга 47 километри се реализира со кредит од кинеската Ексим банка во износ од 206 милиони евра, со рок на исплата 20 години, 5 години грејс период и 2 проценти камата

Витанов изјави дека не се плаши од кривична пријава, напротив ќе продолжи да биде „најгласниот против расипничкото работење на градоначалникот на Неготино и структурата на ВМРО-ДПМНЕ“

Социјалдемократскиот сојуз побара од премиерот Груевски и министерот Ристовски да образложат зошто проектот „Превод на 1.000 стручни книги“ го опишуваат како најуспешен, односно дали новите реформи во високото образование се глоби за универзитетските професори

– Со измените на Законот за високо образование, донесен по скратена постапка предвидени се глоби ако некој професор не вклучи во студиската програма една од преведените книгите во катастрофалниот проект на Владата за превод на стручна литература, изјави Атанасов

Оттаму изразуваат длабока индигнација на мерките и однесувањето на меѓународната заедница, од почетокот на кризата во Украина и легитимно ја поставува дилемата дали со енергична, а пред се усогласена и принципиелна акција на меѓународната заедница можеше да се избегне крвопролевањето

Илија Димовски во полициската станица Беко утрово го пријави случајот со советникот на СДСМ од Неготино Диме Витанов, кој во телефонски разговори со активисти на ВМРО ДПМНЕ се претставувал како „Илија од Центарот за комуникации“ и барал да му достават списоци со луѓе што ќе гласаат за оваа партија

– Нека повелат и нека го урнат манастирот. Толку дивоградби има насекаде, цели градови се дивоградби, толку џамии има дивоградби, а сега ако дошло ред да се урива во манастирот, што да кажам друго. Нека повелат нека уриваат, изјавил владиката Тимотеј за Охрид 1

Награда за животно дело постхумно му беше доделена на Никола Младенов уредникот на Фокус кој загина трагично, а наградата за истражувачко новинарство ја доби Томислав Кежаровски кој се наоѓа во домашен притвор