Browsing: ПОЛИТИКА
Ќе работам на промоција на демократијата, владеењето на правото и европската и евроатлантската интеграција на државите од Југоисточна Европа, наведува Никола Димитров кои својата кариера ќе ја продолжи во Хашкиот институт за глобална правда
Пролонгирање може да има одделно, зависи од компаниите кои ќе бараат и за дел од оперативен план. Тоа може да биде неколку месеци, во зависност од барањето и фазата од која компаниите се влезени со инвестиции и со исполнување на оперативниот план, нагласи Адеми
Сеуште немаме лично произнесување од страна на господинот Ѓорге Иванов по однос на оваа иницијатива, велаат од ВМРО – ДПМНЕ каде потврдуваат дека кај нив е стигната кандидатурата од Јове Кекеновски
Кекеновски на ФБ: Не испадна промоцијата на „реалниот компромис“ толку лесна – еден дел од потписниците на петицијата за поддршка испаднаа фејк, кој потпишал кој не потпишал, а во недостиг на реални траги од неговиот мандат ни ја пласираа географската карта на Македонија
За време на експлозијата пред канцеларијата на СДСМ во Карпош на улицата „Варшавска“ која се случи вчера околу 19 часот, имало 30-ина млади луѓе кои одржувале состанок, потврди денеска пред новинарите Стефан Богоев, претседател на СДММ
НАТО предупреди дека Македонија заостанува од стандардите на Алијансата. Министерот за одбрана Талат Џафери во изјава за НОВА вели дека владата ќе обезбеди 200 милиони евра за модернизација на армијата преку кредит од странство.
Иницијативата ја потпишале и вицепремиерот Зоран Ставрески, градоначалниците на Скопје, на Аеродром, на Прилеп, пратеникот Антонио Милошоски, доктор Весна Јаневска, директорот на УЈП Горан Трајковски, градоначалниците на Охрид, на Кисела Вода
Комитетот исто така повикува сериозно да се разгледаат наводите за кривично дело сторено од омраза поради политичка припадност или асоцијација на што наведува природата на ова дело
Стечајците бараат итна средба со претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митревски, а од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ бараат да им овозможи средба со лидерот на партијата, премиерот Никола Груевски
Апелираме, велат од ВМРО-ДПМНЕ, до сите политички субјекти да се воздржат од политичка злопотреба на овој настан, да овозможат институциите да ги откријат сторителите, за да се утврди вистинската позадина и цел на овој настан
Ако на секој стечаен работник треба да му се исплаќа надомест од 7.100 денари месечно во нето износ, тоа би значело дека за него државата треба да издвојува надомест во бруто износ од околу 11.230 денари месечно или 134.760 денари годишно, сметаат од „Солидарност“
Како што информираше утрово за НОВА, Иво Котевски од МВР, направен е увид и се преземаат сите понатамошни дејствија од истрагата. Тој не открива за каква експлозивна направа станува збор, само нагласи дека се уште нема осомничени, ниту пак имало очевидци















