Browsing: ПОЛИТИКА

Неверојатни милион евра дал или ќе даде Никола Груевски за црна кампања против Зоран Заев за само 10 дена во месец јануари годинава, информираше портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов

Чедомир Дамјановски не може да си оди од Комисијата за лустрација, иако му е престанат мандатот бидејќи претседателот на Комисијата Томе Аџиев, смета дека парламентот треба да ги извести дека им завршил мандатот

Судот во Прилеп ја заврши истрагата за пожарот, којшто се случи пред една година, во манастирот на Трескавец и предметот му е предаден на Основното јавно обвинителство.
Според портпаролот на Судот во Прилеп пожарот избувнал во гостинската соба од искри во ќумбето

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради технички проблем во прекин е телефонската линија 192. Сите граѓани кои имаат потреба да пријават нешто во полиција да го користат телефонскиот број 195.

На вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО–ДПМНЕ e донесена одлука во насока на носење на измената и дополнувањето на Законот на Служба во АРМ, со која што се предвидува професионалните војници во служба на АРМ по наполнување на 45 години старост како максимална старосна граница, да се вработат во државните институции

Потпретседателката на Собранието на Република Македонија, Сузана Салиу и пратениците Силвана Бонева, Владимир Ѓорчев и Андреј Петров од вторник до седми февруари ќе престојуваат во Вашингтон каде ќе учествува на молитвениот појадок заедно со претставници од повеќе од 140 земји од светот