Browsing: ПОЛИТИКА

Во предизборниот период предвидено е одделување на државата од партијата, забрането е отпочнување со градби, ставање камен-темелници, пуштање во употреба на објекти изградени со буџетски средства

Продолжи собраниската седница за избор на нови членови на Комисијата на верификација на фактите. Ова е втор ден од дебатата која наместо за членовите се води за процесот на спроведување на лустрацијата

Поради маглата која повторно ја намали видливоста кај аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, изутрината повторно се откажани летовите од и за Истанбул, предвидени за 08:15 и 09:10 часот. Реализирани се само летнувања до 6 часот изутрината

За само 3.296 евра на јавна лицитација по електронски пат Министерството за транспорт и врски продаде 2.855 метри квадратни атрактивно земјише во близина на Веро-центар, каде што е предвидено да се гради хотел на седум ката

На екипата на „Фокус“ ѝ беше забранет влез во затворот „Идризово“ и посета на осуденикот Велија Рамковски. Дали некој сѐ уште се плаши од она што има да го каже Велија од зад решетки?

Катерина Синадиновска од „Капитал“ е првиот претседател на Советот за етика на медиумите на Македонија (СЕММ)- првото тело за медиумска саморегулација. За заменик-претседател избрана е Ивана Костова од порталот „Телеграф“

Македонија е во Топ 12 фазата на Европското првенство во Данска откако во извонредно драматичен натпревар славеше против Австрија со 22-21 на последниот натпревар од групната фаза на шампионатот

Лустрацијата повлече жешки расправи денеска во Собранието. Ако Митре Вељановски го праша Илија Димовски зошто не се пронајде кодошот на Чинго, Игор Ивановски од СДСМ праша зошто нема лустрација и по 2006 година

Тендерските документи од Министерството за здравство потврдуваат дека прво се распишал тендер, а дури потоа се барало од болниците да се согласат да набават опрема. За јавните набавки во Министерството имало само еден вработен човек

„Каде е премиерот Никола Груевски? Седум фирми се или биле регистрирани на една иста адреса, Градски стадион б.б. Официјална седиште на Сител телевизија, најголемиот медиумски поддржувач на власта“, праша денеска пред новинарите портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов

Процесот на лустрација во изминатите пет години го следеа многу контроверзи- почнувајќи од мандатот на претседателот, преку забелешките на Европската комисија, па се до потенцирарање дека се неуставни одредени одредби од Законот за лустрација нешто што беше нотирано и од Венецијанската комисија