Browsing: ПОЛИТИКА

СДСМ бега од одговорите на прашањата, како е возможно речиси сите фирми од кланот Заеви да добијат тендери во Општина Струмица. Како е возможно милионски суми да добиваат фирмите на таткото, чичкото, стрината и братучедите на Зоран Заев, вели владеачката партија.

Казните за новинарите на Фокус е показател за исклучително непријателскиот и репресивен амбиент во кој функционираат новинарите во Македонија за што синдикатот ќе ги информира сите релевантни меѓународни организации на новинарите, соопштува Синдикатот

Македонија влезе во група со Шпанија, Данска, Исланд, Унгарија и Австрија, пренесувајќи два бода, а следуваат нови три меча против Унгарија (во сабота), Исланд (во понеделник) и Шпанија (во среда)

Социјалдемократскиот сојуз бара Јавниот обвинител и сите надлежни институции итно да се вклучат во испитување на овој сериозен тендерски скандал, кој упатува кон повеќе злоупотреби направени од страна на распишувачот на тендерот и на фирмата добитник

Според партијата на власт, за разлика од јавните набавки во општина Струмица „кои ги добиваат најчесто фирмите на братот, таткото, чичкото, стрината или братучедите на Зоран Заев, за ова земјиште била спроведена лицитација на која можел да учествува било кој и во законска процедура да го добие“

Да се пролонгира имплементацијата на предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за лекови и медицински помагала побара денеска Групација на фармацевтски куќи, веледрогерии, аптеки при ССК во Сојузот на стопански комори

„Сега станува јасно зошто е во притвор претседавачот на општината…се работи за тоа да немаме мнозинство за да го преземеме уредувањето со градежното земјиште, да може Владата по богателни цени да продава со апашлук“, рече пред новинарите градоначалникот на Центар

Се прашуваме за каква афера зборува градоначалникот Жерновски кога целокупната постапка за отуѓување на оваа локација е по електронски пат и е во согласност со законските прописи, реагира Министерството за транспорт

– Со ваквиот судски аршин – за пренесена изјава од релевантен извор, човек кој оваа власт го назначи за државен секретар во МНР, а потоа и амбасадор во Чешка, да бидеме казнети со околу 9.000 евра – можеме комотно да ставиме катанец на Фокус, вели за НОВА Јадранка Костова

Згаснатиот дневен весник „Фокус“ треба да му плати околу 9.000 евра обесштетување на Сашо Мијалков за нарушување на неговата чест и углед. Во судскиот процес обвинет беше и поранешниот амбасадор на Македонија во Чешка, Игор Илиевски, кој, пак, на Мијалков, исто така треба да му плати 10.000 евра