Browsing: ПОЛИТИКА

Кога е фер да се каже НЕ, правична дистрибуција на ресурсите во здравството и како до фер ограничувања. Ова се темите за кои ќе се дискутира на вториот Здравствен самит кој се одржува денеска во Скопје

Неидентификувана група се обидела да го сруши споменикот на цар Душан, а според информациите на Алсат-М, група од 20 до 30 граѓани ноќеска по полноќ се обидела да го урне споменикот, кој е значително оштетен, но не и срушен

Настанот ќе се одвива во периодот меѓу 10 и 16 часот, кога граѓаните ќе можат да ги престават своите проекти, предлози и идеи пред премиерот и министрите

Со зборовите ,,Ни згасна земјоделството, ни згасна сточарството, очекуваме од Вас да ги промените работите на подобро‘‘, жителите на општина Илинден го пречекаа тимот на СДСМ предводен од потпретседателот Ванчо Узунов

Од опозициската партија потенцираат дека официјален документ на Владата на Република Македонија, покажува скандалозен обид да се сокријат сомнителни општински тендери за набавка на нафта и превоз на ученици

На само шест километри од центарот на Скопје, во Визбегово се наоѓа училиштето „Св.Климент Охридски“: во двете адаптирани училници децата се смрзнуваат, на прозорците наместо стакла има најлони, вратите се искршени, дворот запуштен

СДСМ сака да ја сокрие својата одговорност за тоа што ги затрупаа општините во кои се на власт во долгови, реагираат од владејачката партија откако портпаролот на опозициската партија, Петре Шилегов, обвини дека Владата е вмешана во криење сомнителни тендери

Овој извонреден воин на љубовта, мирот и правдата го задолжи човештвото, преку пркос да ги разобличува угнетувачките тактики на недемократските движења, се вели во соопштението на СДСМ по повод смртта на Нелсон Мандела