Browsing: ПОЛИТИКА
-Во изминатиот период се случија многу работи, но пријателството и партнерството меѓу двете земји останаа силни…со гордост ја нарекуваме Македонија наш пријател и сојузник и сакаме да видиме како оваа извонредна земја го остварува својот потенцијал целосно интегрирана во евроатлантската заедница, рече Волерс
Новата концертна сала што ќе се гради на местото на сегашната Универзална ќе биде во форма на јајце, ќе има голема сала со 2.500 до 3.000 седишта, мала за камерни изведби со околу 300 места и административни простории
На денот на неговиот роденден 4 декeмври, НОВА со гордост се сеќава на Марко Кабранов- истакнат активист, борец за човекови слободи и права, кој загина во трагична сообраќајна несреќа на 10 септември 2011. Имаше 27 години
Средношколка од Гостивар приведена поради килограм марихуана, непозната тревкаска материја пронајдена кај студенти во Тетово, кривични пријави и притвор и за тројца кумановци заради продажба на марихуана, стои во денешниот билтен на МВР
Тимови составени од преставници на банката, извршители, проценители, геометри, претставници на стечајниот управник заедно со полициска логистика го започнаа процесот на преземање на движен и недвижен имот на поранешната А1 телевизија
Во интервју за „Фајненшел тајмс“, премиерот оценува дека можностите за решавање на ова прашање се најлоши во последните 18 месеци а за да се дојде до решение ќе мора да има интервенција на САД и водечките сили во Европа
Според граѓанското движење „Разбуди се!“ поставувањето на споменик за една ваква фигура е контраверзна и зборува за кризата на идентитетот или србофилијата на тие што го поставиле
Грчките позиции за проширувањето на НАТО, особено во однос на предусловите за членство на Македонија во Алијансата, се апсолутно јасни и повеќе се поврзани со општите критериуми на НАТО, а не со грчко-македонските билатералните односи
Поради проблеми на српската страна од граничниот премин Табановце, има долга колона од камиони и нивното поминување на границата се одвива многу бавно
На 20- годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу САД и Македонија, амбасадорот на САД, Пол Волерс истакна дека од првиот ден пријателството и партнерството меѓу двете земји останале силни
Македонија се најде на седмо место на листата по глобално страдање, во истражувањето кое за 2012 година го спроведе Gallup World. Од вкупно 143 држави, дури 31 процент од македонските граѓани своите егзистенцијални услови за живот ги нарекуваат „страдање“ и со тоа се државата се најде во топ 10-те држави во светот каде граѓаните најмногу страдале поради лошите услови за живот
Пред очите на дел од вработените 46 – годишната Марија П. ја истурила кофата со фекалии и започнала да бега, но била фатена и предадена во СВР Велес. По разговорот со неа ќе и биде поднесена кривична пријава според законот за јавна чистота















