Browsing: ПОЛИТИКА

Од страна на претставниците на МАНУ била посочена потребата за кадровска доекипираност за реализација на проектите од истражувачка дејност, за што добиле ветување од премиерот за посериозно разгледување на ова прашање

Споменик на Јосип Броз Тито синоќа бил поставен пред истоимената гимназијата во центарот на градот. Споменикот е поставен веднаш до бистата, а во чест на 70-годишнината од одржувањето на Второто заседание на АВНОЈ

Само во последниве шест години од владеење на ВМРО – ДПМНЕ околу 240 милиони евра се собрани од македонските граѓани, од македонската економија, само на име казни.
Доволно ќе беше со овие пари да се направи барем автопатот Прилеп – Битола, изјави Радмила Шеќеринска

-Ова е политички напад врз мене, сите ме користат- и новинари и политичари, а јас сум чиста, нема почиста од мене, не се плашам од ништо, сите документи ги дадов- изјави денеска за НОВА Валентина Стевановска авторката на Александар, Филип, Татарчев и Порта Македонија

– Во законот си стои – лице кое соработувало или донесувало одлуки или решенија од идеолошка или политичка природа – санкцијата е да не може да врши политичка функција или да се кандидира за таква, тоа е смислот на лустрацијата а не култура на сеќавање – потенцира Дамјановски

Полицијата ќе поднесе кривична пријава против еден бугарски и пет македонски државјани на возраст од 24 до 58 години под сомнение дека сториле кривични дела „злосторничко здружување“, ,,фалсификување пари“ и „фалсификување исправа“

Реакциите на ВМРО ДПМНЕ, фрапантните податоци за криминални тендери, немањето контра-аргументи се само уште едно признание од нивна страна дека се фатени на дело за криминал во проектот Скопје 2014, реагира градоначалникот на општина Центар

– Лустрацијата на сите вмешани во судењето на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Ченто, ќе доведе до национално помирување меѓу Македонците, е образложението на Комисијата за верификација на фактите, која денеска го отвори случајот „Ченто“

Бишевац рече, изгледа на коалицијата на власт и е поважно „цел свет да ни се смее во очи со глупостите, со лажниот патриотизам и со огромниот криминал што го направиле околу себе“

Како едно од можните решенија кои ги предлага партијата за надминување на проблемот со дезинтеграција на Македонија, е да се покрене иницијатива за донесување на ново знаме на Р.М

Со ова се отвора можност Комисијата да ги лустрира лицата кои биле вклучени во овој случај, и во проверката на досието ќе се прегледуваат 22 поранешни функционери, меѓу нив и партиски раководители, судии и агенти на УДБА кои учествувале во целиот процес