Browsing: ПОЛИТИКА
Додека на денешните средби со граѓаните од охридскиот регион, Заев побара деблокада на сметката на градот каде што и ги претставуваше мерките на СДСМ за враќање на средната класа, владејачката партија потенцираше дека состојбата со општинската каса во Охрид не е добра токму поради управувањето на СДСМ во тој крај
„Каде си бе, Бугарин? Ајде да си одиш од Клиниката за хематологија!“ Со овие зборови на 26-годишниот Иван Стојков од Кавадарци, кој имал акутна леукемија, му се обратила директорката Лидија Чевревска, по што тој си заминал; починал во болница во Софија
– Наместо кочии од Полска и коњи од Грција да купат, да интервенираат во азбесните цевки бидејќи непотизмот не важи во Скопје и не важи за ВМРО-ДПМНЕ, апелирам на семеен интерес ВМРО да посветат внимание малце, освен на богатата трпеза и на водата што ја пијат, рече Макрадули
Тој во името на СДСМ праша колкава е штетата по Буџетот на Македонија за целиот проект Скопје 2014, укажувајќи дека Груевски најавил дека ќе ги чини граѓаните 80 милиони евра, а министерката Канческа Милеска посочи сума од 207 милиони евра
– Документот кој го поднесува до Јавното обвинитетсвото не е никаква кривична пријава, туку извештај, направен од партиската комисија која тој ја создаде, полн со неточни податоци и паушални партиски ставови на СДСМ и ЛДП, реагираат од владејачката партија
Министерството за труд и социјална политика објави оглас во печатените и електронските медиуми за вработување на невработени – корисници на социјална парична помош, посебно наменет за млади лица кој ќе трае до 20 декември
Интервју на Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, објавено на 29 ноември, во француски „Либерасион“, дадено за време на неговата работна посета на Париз
– Некои велат дека сум се криел позади соопштенија…јас не се кријам, еве денеска сум тука, некој друг се крие…Премиерот го нема три дена да даде одговор само на едно прашање – дали она што е наведено во ревизијата е точно или неточно, вели градоначалникот на Центар
– Ќе го спречиме иселувањето на младите во Македонија, едно од решенијата е предлог мерката на СДСМ за бизнис инкубатори со што младите ќе добијат шанса за свои бизниси, порача заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска
Во вооружениот напад повреден беше и 49-годишниот И.М. кој според послените информации е надвор од животна опасност по интервенцијата на лекарските екипи од градската болница „СВ. Наум Охридски“
Аети Џељал е лицето кое вечерва е убиено во вооружена пресметка во чајџилница во скопската населба Ченто
Еден од основачите на партијата крена глас – Гојко Јаковлевски бара Никола Груевски да си замине од ВМРО-ДПМНЕ, ова е само еден од насловите во утрешниот број на Слободен печат















