Browsing: ПОЛИТИКА
– Оние кои цело лето ја манипулираа јавноста дека се грижат за зеленилото во Скопје, а себе се нарекуваа Паркобрани, на чело со нивниот градоначалник Андреј Жерновски не се појавија никаде при реализација на Денот на дрвото ниту насадија по една садница, изјави Трпевски
Две лица се уапсени во Кочани а по едно се трага, во рамки на полициската акција која утринава се спроведува за сузбивање на фалсификатори на бугарски лични документи
Со измената во Законот се предлага намалување на казните за објавување на податоци за правиот идентитет на заштитен сведок и истите ќе се движат од 3 месеци до 3 години, а во тешки случаи, четири години, осум години и над осум години затвор
Владимир Поп- Христов вчера бил приведен на граничниот премин Богородица при обидот од соседна Грција да влезе во земјава, потврди за НОВА портпаролот на МВР, Иво Котевски
Со ДУИ на власт може да се слави Денот на дрвото, но не и Денот на знамето. Вака опозициската ДПА денеска го критикуваше неприсуството на министрите и пратениците на ДУИ на парламентарна седница каде се поставуваа пратенички прашања
Патниот правец Ресен – Охрид, во близина на селото Избишта, попладнево е пуштен за сообраќај, информира „Македонија пат“. Сообраќајот на овој патен правец беше во прекин поради сообраќајната несреќа во која имаше превртен шлепер на коловозот.
Привиденија се покажуваат на патот на којшто загина Тоше
Гојко Јаковлески, берлински основач на ВМРО ДПМНЕ тврди: Груевски треба да си оди од партијата!
Надлежните иституции треба да го испитаат случајот по службена должност. Во спротивно ќе бидат соучесници во матните бизниси на власта на Груевски во врска со проектот Скопје 2014, соопштува СДСМ
– Ние не сме рекле ниту дека ќе инвестира, ниту дека нема да инвестира. Ние сме кажале дека компанијата покажа интерес, а самиот сопственик на компанијата рече дека ќе инвестира, рече премиерот Никола Груевски на собраниската седница за пратенички прашања
Генералниот секретар на Европската федерација на новинари Рикардо Гутиерез, како точка на загриженост за медиумските слободи во Македонија ја посочи и состојбата со владините кампањи
Од владејачката партија потенцираат дека Жерновски, Шеќеринска и Заев треба да престанат да се кријат зад комисии, зад соопштенија, зад институции, обвинителство, платени портали и сами без одлагање, врз основа на закон да поднесат кривични пријави за паушалните тврдења















