Browsing: ПОЛИТИКА

Сопругата на Томислав Кежаровски, Марина, за НОВА: Шокирана сум, пресреќна сум од одлуката на Судот за Томче да биде пуштен во куќен притвор. Детали за неговото враќање дома уште не ни се соопштени

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје, од 7.11.2013 година ја укина мерката притвор против обвинетиот Томислав Кежаровски и му определи мерка куќен притвор во траење од 30 дена

Шефот на тајната полиција и прв братучед на премиерот, не го пријавил својот имот. Антикорупциската комисија како и во минатото така и овој пат, замижала пред несовпаѓањата на анкетните листови, смета Шеќеринска

„Средбата поминала во позитивна атмосфера, но се уште нема решение по спорните точки“, изјави од Охрид за НОВА, Игор Аврамовски Александров, претседателот на македонската црковна заедница во Австралија

Во Собранието се води дебата за извештајот на ЕК. Поранешната вицепремиерка за европски интеграции ја критикуваше власта за забелешките на ЕК за слободата на медиуми, корупцијата на судството

Повеќе од половината од ромските деца не се вакцинирани против опасните болести „детска парализа“ и „голема кашлица“; Од невладините организации преупредуваат дека состојбата е загрижувачка и бараат Владата да одобри средства за да се подобри обемот на вакцинација, а не само тоа да го прави на хартија

Голем дел од македонските радио – станици одбиле да ја емитуваат рекламата од кампањата на ЛГБТ заедницата „Љубов за сите“, ќе се одржи на 16 ноември во центарот на Скопје, реагираат од заедницата, но и дел од невладините организации

„Не би коментирал нешто каде што не сум бил присутен. Сосема е јасно зошто Нимиц бил поканет кај германската канцеларка Меркел“, одговори премиерот Никола Груевски на новинарско прашање како ја комнетира средбата Меркел-Нимиц

Граѓанските организации ЕСЕ, ЦДРИМ, ЛИЛ и КХАМ, бараат од Владата на РМ и Министерството за здравство да ги прифатат предложените мерки за зголемување на опфатот со имунизација на децата од ромските заедници

По кражбата на златни предмети украдени од Музеј на Македонија, директорот Дарко Кржовски за НОВА изјави дека Музејот бил чуван од Агенција за обезбедување, но одби да одговори на прашањето дали се осигурани украдените предмети