Browsing: ПОЛИТИКА

Шеќеринска е незадоволна од одговорот од министерот за финансии дека необјавувањето на најефитана и најскапата понуда е исклучиво од техничка природа и кога има само еден понудувач, со образложение дека се работи за делливи ставки

Веќе по трет пат оваа година Владата предлага измени на Законот за работни односи и повторно тие се директно насочени на намалување на правата на работниците, се вели во реакцијата на невладините организации

ЗНМ ги замолува странските дипломати во Скопје да го посетат новинарот Кежаровски во затвор со цел да се запознаат со условите во кои тој е сместен во затворот и од прва рака да се запознаат со неговиот случај.

Наодите од кои произлегуваат и предусловите имаа остар и критичен тон. Се наведуваа конкретни примери за демократските слабости, како случајот Кежаровски, притисоците врз општина Центар од страна на власта и состојбите со медиумите

МО упати апел до потенцијалните корисници, посебно да обрнат внимание на новата програма „Еразмус+“ бидејќи таа ќе обезбеди поголеми можности преку буџетот кој ќе биде двојно поголем и ќе изнесува 3,5 милиони евра

Според пресметките на Европската комисија, ако Македонија е дел од ЕУ, во периодот од 2014 до 2020 година би добила 3,7 милијарди евра помош, додека сега, со новиот Инструмент за предпристапна помош (ИПА-2), ќе и‘ бидат достапни 595 милиони евра

Студентите кои живеат во лоши услови во студенските домови во Скопје се соочени со закани за бркање од домовите откако почнаа јавно да го споделуваат своето незадоволство – Министерот вели се работи на решавање на проблемите

Советниците од Коалицијата „Сојуз за иднината“ во Советот на Општина Битола, во знак на солидарност со Претседавачот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ и колегите од општина Центар, денеска ја напуштија седницата на Советот

Името „Славјанско-албанска Македонија“ било спомнато за време на последната посета на Нимиц на Атина, при разговорот со министерот Венизелос, пред се за да се објасни комплексноста на проблемот, а не како конкретен предлог