Browsing: СПОРТ
Засега нема официјални информации за причините за хеликоптерската несреќа. Дел од медиумите, повикувајќи се на очевидци, јавуваат дека во леталото избил пожар пред да се урне
Трагична вест го погоди светскиот спорт. Американските медиуми јавуваат дека Коби Брајант го загуби животот во хеликоптерска несреќа во САД.…
Лидерот на „коцкестите“ постигна 31 погодок во осумте настапи за националниот тим на континенталниот турнир и забележа 69 отсто прецизност во ударите кон противничкиот гол. Финалето меѓу Хрватска и Шпанија е од 16.30 часот
Истрагата покажа дека тој во периодот од 2015 година до 2019 година бил вклучен во лажирање на резултати на тениски мечеви на АТП и ИТФ турнири во Мексико, САД, Бразил и Чешка за што ќе плати и казна од 200.000 долари
„Коцкестите“ во полуфиналето, по голема драма, ја елиминираа Норвешка по дури четири продолженија со 29:28 (основните 60 минути завршија без победник – 23:23) додека Шпанија ја порази Словенија со 34:32
Рафаел Надал се пласира во третото коло на Австралија опен, Доминик Тим едвај го „преживеа“ Австралиецот со славно атлетско име, Болт, но белег на четвртиот натпреварувачки ден на гренслемот во Мелбурн остави Ник Кирјос. Темпераментниот домашен адут повторно „удри“ на најдобриот светски рекет во моментот, овојпат со имитација на ритуалот на Надал пред сервис – завлекување на коса зад уши, допирање нос и извлекување на гаќичките
Српскиот тенисер во три сета го елиминира Јапонецот Тацума Ито со 6:1, 6:4, 6:2 за 901 победа на АТП турот додека Швајцарецот со 6:1, 6:4, 6:1 беше подобар од Филип Краиновиќ
Никола Ачијари, кој работи во болницата во Болоња, тврди дека поранешниот шампион во Формула 1 воопшто не личи на човекот што го памети од патеките
Моментно водечкиот тенисер на АТП листата имаше „тренинг“ натпревар во првото коло против Уго Делиен од Боливија над кого славеше 6:2, 6:3, 6:0, а, пак, најдобрата хрватска тенисерка Дона Векиќ беше кобна за Шарапова над која триумфира со 6:3, 6:4
Српскиот ас, потешко одошто се очекуваше, се проби до второто коло на Австралија опен кој започна ноќеска во Мелбурн. Можеби го имаше најтешкиот ривал од фаворитите, можеби се загреваше или, пак, можеби повторно се соочува со проблем, па загуби сет во триумфот на Јан Ленард Штруф од Германија, 37. на АТП ранг листата, со 7:6, 6:2, 2:6, 6:1
Реализација на капитенот на македонската репрезентација од 45. минута не беше доволна за бод(ови) на Џенова да излез од опасната зона на табелата. Рома славеше на „Луиџи Ферарис“ со 3:1 и ги остави домаќините на претпоследното место со само 14 бода. Јувентус во последниот меч од неделната програма ја совлада Парма со 2:1
Во фокусот, логично се бранителите на титулата, Србинот Новак Ѓоковиќ кој ќе се обиде по осми пат да замине од Мелбурн со највредниот чек, и младата Јапонка Наоми Осака. Вниманието, пред се, ќе биде насочено кон машкиот турнир на кој конкуренцијата е поизострена, со Рафаел Надал, со Роџер Федерер, но и поради Доминик Тим, Стефанос Циципас и Данил Медведев кои се поопасно се приближуваат на моќната тројка
